Обратете внимание на овие симптоми додека не биде предоцна. Укажуваат на редок вид на тумор!
До пред само неколку месеци малата Грејси Кориган времето го минуваше со газа и фластер на окото на кои пишуваше „Наскоро го тргаме“.
Имено, во јуни оваа година на Грејси и беше откриено дека има ретинобластом, редок облик на рак. Најверојатно би бил откриен прекасно ако нејзината мајка Ели Смит, не го воочеше чудниот сјај во окото на својата ќерка секогаш кога ќе ја фотографираше.
Кога ќе сликате некого и забележите дека едното око му е црвено поради фотоапаратот, а другото да е бело, тоа значи дека морате да му обрнете внимание и да го посоветувате да оди на доктор, порачува Ели, која ја одведе својата ќеркичка кога забележи дека истото око кое што и свети полека и „бега“ на десната страна.
„Ни кажаа дека Грејси има преку 10 тумори во окото“ – раскажува Ели. „Следуваше операција, па хемотерапии. Грејси беше весела како и секогаш. Денес на тоа место има протетичко око и весела е како што беше и порано.“
Извор: koin.com