Реклама
Култура[тор]

Филмови за вас: “Valhalla Rising”

Реклама

Дали некогаш сте си замислувале како би изгледал remake на ’Conan‘, во режија на Terrence Malick? E па престанете да замислувате и изгледајте го „ Valhalla се буди“ на Nicolas Winding Refn!

Маркетинг

Доста беше кукање над темната судбина. Jason Momoa можеби влезе во чевлите на единствениот Conan кој било кога требало да се движи на филмското платно, Arnold Schwarzenegger. Но пред скорешната кино средба со манекенскиот нововековен Варварин, на torrent видеотеките на интернет можете да најдете достојна замена за Шварци!

Годината е 1 000-та, а тој се вика Едноокиот. Освен што трошоците за офтамолог се му редуцирани за 50%, тој исто така е и нем. Заробеник е на примитивното highland-ерско племе кое го користи за борби со други воини. Се додека не побегне во шумата, со помош на момчето Арео (или нешто во тој стил) кое зборува во негово име. Со него како компа, ќе тргне во потрага на Светата Земја, што ќе ги доведе до паганската Америка, а таму секако ќе ги исколат домородците. И тоа би било целото дејствие на “Valhalla Rising”.

Маркетинг

alt

Refn и Mikkelsen  на сетот на снимањето на Valhalla….

Данскиот режисер Nicolas Winding Refn (кој неодамна, на последниот Кански Филмски Фестивал, ја доби наградата за најдобра режија за филмот “Drive”) во многу работи потсетува на на неговиот британски колега Michael Winterbottom. Човекот снима многу, шара со жанровите и во принцип остава доем на уметник кој што к** го боли што другите мислат за неговите дела. Со таков став го сними овој трипоиден арт филм за Викинзите, во кој има повеќе крв од “Pulp Fiction” и помалку дојалог од филмовите на Jacques Tati. Филмовите и авторите кои го инспирирале Refn за „Valhalla се буди“, се доста очигледни за секој познавач на кинематографијата. Од прашумските арт авантури на Herzog како “Aquirre” и “Fitzcarraldo”, на кој освен фотографијата и сликите потсетува и со музиката, преку споменатиот Mallick, па се до вестерн пејсажите и кадрирањето ала Sergio Leone. Важна карика во ланецот на триумфот на “Valhalla” е главниот актер Mads Mikkelsen. Данецот со неодминлив став, кој што токму самиот Refn го има исфорсирано со трилогијата “Pusher”, еден е од ретките глумци на светот кој може ваков минималистички арт концепт на работа на подвижни фотки, да го изнесе на свои плеќи, а да не се лизне во trash.

alt

Ок, можеби “Valhalla” нема бог знае каква порака и сложена работа на сценарио, но ако во вас тлее барем една капка викиншка крв, ќе ве обземе како мал квадратен декориран картон……

{youtube}dQgoGccHJD4{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button