Реклама
Култура[тор]

Топ 5 филмови со свештеници

Реклама

Постои некоја чудна поврзаност помеѓу тоа да се биди свештеник, поп, проповедник…и кинематографијата.

Врвните режисери како John Woo, Martin Scorsese и Danny Boyle, секој од нив има флертувано со олтарот, пред да се решат да застанат зад камерата. Сепак, никогаш немало доволно филмски приказни (барем не квалитетни) кои што правилно ја имаат портретирано црквата. Како и да е, сепак постоеја некои обиди.

Маркетинг

Ова е нашиот избор на пет филма, чие дејствие се врти околу свештениците:

 Отец Brian Finn во “Keeping the Faith” 

Маркетинг

alt

Една од многуте причини поради која луѓето многу ретко се решаваат да навлезат во водите на свештенството, е затоа што морате да се оттргнете од земната и физичка љубов за секогаш (освен ако како многу битен факат не ги сметаме парите, но тоа од нашиве простори…). да не е тоа, црквените места би биле преполнети! Овој филм, кој што е режисерско деби на одличниот Edward Norton (во кое ја игра и една од главните улоги), е приказна за свештеник кој што се вљубува, во истовреме кога започнува да ја губи и верата. А меѓу другите работи поради кои навистина секој треба да го изгледа филмов е и сцената во која го треска по фаца Ben Stiller, нешто што сите ние многу време сакаме да го направиме!

 Отец John Flaherty во “Monsignor” 

alt

Супермен како свештеник? Е дури сега можеме да кажеме дека имаме видено сé! Но тој и не е некој совршен пример за сите оние кои сакаат да станат црквени лица (или пак?). тој ги заведува калуѓерките, убива нацисти во Втората светска војна и дури препродава цигари на црниот пазар! Филмот “Monsignor” не беше баш најдобро прифатен од страна на критиката и не успеа баш да заработи некоја значајна сум на пари, а за сето ова Clark Kent ги обвини монтажерите на филмот. Како и да е, откако ќе го изгледате филмот, ќе си речете дека да се биде свештеник и не е толку лоша професија.

 Отец Merrin во “The Exorcist” 

alt

Најдобриот филмски отец на сите времиња? Fuck Yes!!! Портретот на Max Von Sydow на отец Merrin, кој што се обидува да го истера и уништи Ѓаволот од малото девојче Egan MacNeil е едноставно перфектен! Наместо да си го губи времето во причести, да чита од библијата и да мрмоли пред олтарот, тој треба да се соочува со некои навистина гнасни сцени и појави. Ќе речеме само дека “The Exorcist” навистина ги прави свештениците да изгледаат кул.

 Отец John Preston во “Equilibrium” 

alt

Згодниот Christian Bale е свештеник, воин, џандар кој што се приклучува на движењето на отпорот и ги користи своите Кунг Фу знаења, во обидот да ја симне од трон тиранската влада од иднината. Значи и ова би му дошла уште една верна адаптација на приказната од библијата, зарем не? Тој не губи многу време читајќи пасуси од светата книга и остава неговите тупаници да говорат во негово име.

 Отец Benicio Del Toro од “Machete” 

alt

Кога секој свештеник би имало вакво име, јас сум сигурен дека во тој случај црквата би имала многу повеќе припадници (не дека и вака се бори за нив). Кога свештениците би носеле сачмарки и пиштоли под наметката, тогаш луѓето дефинитивно би им обраќале повеќе внимание и тоа со екстремна сериозност! Филмот на Robert Rodriguez е акционо експлоататорско дело, кое што навистина заслужува внимание (дури и ако не ви се допаѓа). Како што вели самиот автор: „свештеник кој е добар во благословувањето, но уште подобар со оружјето!“ Исус би бил навистина горд да може да го види ова. 

Поврзано

Back to top button