Реклама
Култура[тор]

Leonardo Dicaprio ќе снима филм за српската банда Pink Panter

Реклама

„Leonardo Dicaprio го спрема снимањето на неговиот најнов филм во кој се работи за светски познатата српска банда Пинк Пантер.“

Дел од екипата за потреби на снимањето на овој фил веќе го посетија Белград, каде што се запознаа со припадниците на белградската канцеларија на Интерпол и со водителот на емисијата Будење на радио Београд – Драган Илиќ. Тој не им откри зошто токму со него е разговарано, па така нивниот разговор останува мистерија.

Маркетинг

Инаку бандата Пинк Пантер е позната во целиот свет и брои над 200 членови кои во главно се од Србија и Црна Гора. Сеуште не е познато кои се главните босови на оваа мафијашка организација како и каде нивните дела се спремаат и кој им е мозокот на организацијата иако за него се претпоставува дека живее во Белград.

Маркетинг

Тие на светската сцена им станаа познати откако во март, во 2004 година, ја ограбија познатата продавница за дијаманти „Le supre – diamant couture de Maki“ во еден елитен кварт во Токио од каде „дигнале“ плен вреден околу 32 милиони евра. Во тој плен се наоѓаше и познатиот гердан „Kontesa de Vandom” со 116-те дијаманти. Потоа следуваа кражби низ целата Европа, во Швајцарија, Германија, Линхештајн, Монакo, како и познатиот грабеж на продавницата за вредни камења Graf во центарот на Дубаи во 2007 година, која траела само 20 секунди. Во овој спектакуларен грабеж неколку членови на Пинк Пантер влетале во продавницата со Ауди и маскирани земале накит вреден 11 милиони долари.

Што се однесува до прочуениот грабеж во Токио, една година по грабежот, во 2005 –та, во Србија беше изведена акција и беа уапсени Ѓорѓе Рашовиќ, Снежана Панајотовиќ и Александар Радуловиќ кои беа осомничени за тој грабеж. Тие и покрај тоа што се осудени и ја отслужуваат својата казна, сеуште не е познато каде го сокриле вредниот накит!

alt

За останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button