Реклама
Наши ѕвезди

Фатиме Фетаи : „Пеам убаво, АМА само под туш!“ (видео)

Реклама

Фатиме призна вина, бара да биде осудена условно

Фото: Принтскрин

Специјалната обвинителка беше гостинка на гала вечерта на раскажување на женски приказни ПичПрич.

Маркетинг

Фатиме направи пародија на коментарите што се појавија во социјалните медиуми и на некои портали во врска со нејзиното одење во диско, а целиот случај го опиша како кривично-правен настан на кој било извршено кривично дело – „Фатиме Фетаи фатена како оди на диско“.

Фатиме во дискотеката се сретнала и со еден судија кој исто така бил изненаден и ја прашал што бара таму, иако истото прашање и истите норми би требало да му се постават и нему. Но во нашето општество очигледно е дека за жената се уште постојат други стандарди, но тоа не треба да не обесхрабрува, заклучива на крајот од својот говор обвинителката. Таа во еден момент дури и се пошегува дека очекува да биде осудена условно, алудирајќи на условните казни што нејзините колеги судии им ги доделија деновиве на случаи кои предизвикаа бурна реакција во јавноста. Фатиме на крајот целиот случај со нејзиното излегување го заврши со коментар упатен до новинарите што ја напаѓаа што била во диско, со коментарот „Сторителот секогаш се враќа на местото на злосторството“, предизвикувајќи бурен аплауз кај гостите.

Маркетинг

 

Инеку, Фатиме меѓу другото спомена дека истата вечер била и на караоке, но микрофонот не го земала не бидејќи е специјална обвинителка, туку затоа што нејзиниот глас бил добар, но само кога пее сама под туш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button