Огласи
Огласи 2
Култура[тор]

Fashion Weekend Skopje – прес (фото)

Огласи 3

„Вчера, 23. Март, 2011 г. во хотелот Queen се одржа прес конференција на најголемиот моден настан во републикава – Fashion Weekend Skopje, spring/sumer 2011 година.“

По тој повод организаторите на ова трето по ред модно случување од светски размери кај нас, се обратија на новинарите и во кратки црти им се заблагодарија за поддршката, но и за учеството, кое оваа година ќе биде за прв пат специфично изведено од страна на новинарите. Имено, во петокот, на 25 март, во Рамстор, најеминентните новинари од кај нас чија специјалност е следење на модата кај нас и во светот, ќе имаат своја модна ревија „Модни трендови пролет-лето 2011“ како и своја фото изложба „Must have: Трендови пролет – лето 2011“ потполно реализирана од нивна страна.

Еве ја целосната програма на годинашниов Skopje Fashion Week:

ПРОГРАМА      
 
23 Март – СРЕДА – хотел Queen’s, ул. Васил Ѓоргов, Скопје
      11:00   Прес-појадок
 
23 Март – СРЕДА – Стара чаршија, ул. Казаџиска 9, “Пале”, Скопје
      20:00        Официјално отварање на FWSK, модни ревии
Ludus Loves Fashion
Risto Bimbiloski
 
24 Март – ЧЕТВРТОК – Клуб Paradiso
     23:00         Absolut After- Забава на FWSK
 
25 Март – ПЕТОК – Рамстор, кафе ”Déjà Vu”
     21:00 Модна ревија “Модни трендови пролет – лето 2011“ реализирана како дело на наши најеминентни новинари кои ја следат модата во македонските медиуми.
Фото изложба “Must have. Трендови пролет – лето 2011”, подготвена од познати новинари и уредници чија специјалност е следењето на модата кај нас и во светот.
 
26 Март – САБОТА – Пентхаус во Соравија- Бизнис Центар, 11 кат, Скопје
     19:00 Кокев-Кадриу
     21:00 Олгица Ѓоргиева
     22:30 Групна модна ревија, поддржана од  изложбено- продажниот салон LUX
Елена Спасовска
Емилија Тасевска
Роберт Ивановски
 
27 Март – НЕДЕЛА – Пентхаус во Соравија- Бизнис Центар, 11 кат, Скопје
     18:00 Европски Универзитет – Факултетот за арт и дизајн, Скопје,
     20:00 Љупка Арсовска, модна ревија поддржана од  SCENT
     21:00 Александра Митковска

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

Маркетинг

Поврзано

Back to top button