„Вчера, 23. Март, 2011 г. во хотелот Queen се одржа прес конференција на најголемиот моден настан во републикава – Fashion Weekend Skopje, spring/sumer 2011 година.“
По тој повод организаторите на ова трето по ред модно случување од светски размери кај нас, се обратија на новинарите и во кратки црти им се заблагодарија за поддршката, но и за учеството, кое оваа година ќе биде за прв пат специфично изведено од страна на новинарите. Имено, во петокот, на 25 март, во Рамстор, најеминентните новинари од кај нас чија специјалност е следење на модата кај нас и во светот, ќе имаат своја модна ревија „Модни трендови пролет-лето 2011“ како и своја фото изложба „Must have: Трендови пролет – лето 2011“ потполно реализирана од нивна страна.
Еве ја целосната програма на годинашниов Skopje Fashion Week:
ПРОГРАМА
23 Март – СРЕДА – хотел Queen’s, ул. Васил Ѓоргов, Скопје
11:00 Прес-појадок
23 Март – СРЕДА – Стара чаршија, ул. Казаџиска 9, “Пале”, Скопје
20:00 Официјално отварање на FWSK, модни ревии
Ludus Loves Fashion
Risto Bimbiloski
24 Март – ЧЕТВРТОК – Клуб Paradiso
23:00 Absolut After- Забава на FWSK
25 Март – ПЕТОК – Рамстор, кафе ”Déjà Vu”
21:00 Модна ревија “Модни трендови пролет – лето 2011“ реализирана како дело на наши најеминентни новинари кои ја следат модата во македонските медиуми.
Фото изложба “Must have. Трендови пролет – лето 2011”, подготвена од познати новинари и уредници чија специјалност е следењето на модата кај нас и во светот.
26 Март – САБОТА – Пентхаус во Соравија- Бизнис Центар, 11 кат, Скопје
19:00 Кокев-Кадриу
21:00 Олгица Ѓоргиева
22:30 Групна модна ревија, поддржана од изложбено- продажниот салон LUX
Елена Спасовска
Емилија Тасевска
Роберт Ивановски
27 Март – НЕДЕЛА – Пентхаус во Соравија- Бизнис Центар, 11 кат, Скопје
18:00 Европски Универзитет – Факултетот за арт и дизајн, Скопје,
20:00 Љупка Арсовска, модна ревија поддржана од SCENT
21:00 Александра Митковска