Eден од најоткачените водители во Македонија „рипна во тавче“ – погледнете како изгледаа младенците, невестата е преубава!
Еден од најпопуларните и „најоткачените“ водители во Македонија стапна на „лудиот камен“
Македонскиот водител кои сите го препознаваат по емисијата „Дај побрзај“ и моментално најпопуларната „Листа за 300“, Марко Новески на почетокот на годинава откри дека се верил со неговата девојка, па најави дека ќе прави свадба кога ќе помине короната.
Но со оглед на моменталната состојба се чини дека короната нема намера брзо да си замине, па Марко и неговата поубава половина се одлучија за мала семејна свадба и матично.
Парот судбоносното „ДА“ го изговори во координирани стајлинзи односно во бело-жолта комбинација.
Убавата Цена Плавевска во бела маичка и долго здолниште во бела и жолта боја, а на нозете носеше патики-стратки, а Марко во бела кошула и жолта кравата и панталони изгледаа сосема неодоливо и слатко!
„Се оженииииив! Те сакам@plavevska и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна“ – напиша Марко во описот на видеото со фотографии од венчавката, а неколку фотографии објави и Цена.
Иако тој важи за личност која е резервирана и ретко објавува фотографии со својата сакана, овојпат направи исклучок.
Инаку Марко важи за позитивна личност, а во интервју за „среќа“ открива како ја оддржува таа енергија.
-Едноставно сум таков човек. Не знам, гледам секогаш како на онаа поговорка, кога некој ја гледа чашата како полупразна, а некој како полуполна. Кај мене е секогаш полуполна, не ја гледам празна. Едноставно уживам во животот, се радувам на секој ден и така ми доаѓа. Опкружувањето од моите пријатели, од дома, од моето кученце Алва, од сите нив ја црпам енергијата, вели тој.
Во прилог погледнете како изгледаа новопечените младенци на кои им посакуваме многу љубов!