Реклама
MAMAХороскоп

На 13-ти јануари се празнува Стара Нова година – еве зошто ја празнуваме

Реклама

На 1-ви јануари ја дочекавме новата година според светскиот календар, но на 13-ти се празнува Стара Нова година.

ФОТО: Freepik

Новата година која започнува на 1-ви јануари се слави според Грегоријанскиот календар и истиот е најприфатен во светот. Но, оние земји кои го користат јулијанскиот календар, ги празнуваат и верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14-ти јануари. Оттука произлегува и поимот Стара Нова година кој се празнува вечерта на 13-ти јануари.

Имено, за многу верници годината почнува токму на 14-ти јануари, а другото е само формалност. Оние земји кои го користат Јулијанскиот календар, на 1-ви јануари празнуваат државен празник.

Маркетинг

Карактеристично за Стара Нова година е тоа што во некои места се замесува погача со паричка и се постапува исто како на Бадник. Оној кај кој ќе се падне паричката, ќе биде среќен во новата година.

Традицијата за одбележување на Стара Нова година се’ уште се негува во нашата земја, но и во Србија, Белорусија, Русија, Црна Гора, Украина, Ерусалим, но и во некои германски кантони во Швајцарија, а исто така и во некои делови на Галската заедница во Шкотска.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button