Еве што имаат заедничко Цеца Ражнатовиќ и Бијонсе
Понекогаш и само еден детаљ што го носите на вас може да открие дали и колку ја познавате модата или немате ништо заедничко со неа.
Секако дека меѓу овие мали нешта кои го откриваат вашиот стил водечкото место го заземаат модните додатоци. А очигледно е дека овие две дами тоа многу добро го знаат, па дури имаат и ист вкус. Овој пат станува збор за еден модел на очила за сонце кој го обожаваат и Цеца и Бијонсе (но кои, за жал, веќе се распродадени низ продавниците).
Моделот е со богат колоритен светкав дезен во кој доминираат кафеавата, розовата и златната боја. Цеца ги носеше во комбинација со кошула во сина боја, а Бијонсе со скинати фармерки, тренди шарено сако и кошула со впечатлив дезен.
https://www.instagram.com/p/BVPe9JiAAlD/
Па, дали ви се допаѓа овој модел на очила за сонце?
На следната страна можете да ја видите нивната цена и за кој бренд станува збор >>