Реклама
Новости

Еве што ќе се случува на Вевчанскот карневал 2025 – одлична пригода за бегство од градот во пазувите на прекрасната Јабланица

Министерот за Култура и туризам, Зоран Љутков и градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски на денешната прес-конференција го најавија одржувањето на „Вевчанскиот карневал 2025“.

Реклама

Денес, 3-ти јануари (петок), 2025 година со почеток во 11.00 часот во ресторанот „Пелистер“ лоциран на градскиот плоштад Македонија во Скопје, на прес-конференција беа обзнанети и обелоденети сите детали и поединости, како и целокупната музичка и културно-уметничка програма, изведувачите и саатницата на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ “, чија традиција ќе биде продолжена со неговото одржување од 12 до 14 јануари 2025 година.

На пресот покрај присуството на многубројните претставници на македонските медиуми беа присутни и градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, како и Министерот за култура и туризам во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков.

Маркетинг

Како домаќин на оваа карневалска фешта, градоначалникот на Вевчани говореше за традицијата, функцијата, целиходноста и содржините на „Вевчанскот карневал“, за кој рече дека е една голема манифестација пред се од забавен, но и од општествено-политички карактер во која преку маските, игрите, движењата и однесувањето на василичарите се исмеваат, ругаат и потенцираат негативните појави и аномалии во општеството во годината која изминала.

Маркетинг

Тој при тоа спомена дена Општина Вевчани и вевчанци се во целост подготвени за годинешново карневалско издание, има свое место и во светската асоцијација на карневалски збиднувања, канејќи ги и медиумите и сите добронамерници да дојдат и годинава на карневалските денови во Вевчани.

Министерот за култура и туризам во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков пак, го потенцираше значењето на Вевчанскиот карневал од неколку аспекти.

И како дел од многувековната традиција уште од паганскиот период, па се до денес, и општественото значење како своевидна критика на денешните девијации во општеството и како културно-уметничка манифестација од забавен и музички карактер, но и како туристичка атракција за промоција на Вевчани, охридско-струшкиот регион и Македонија воопшто, на светската мапа на туризмот.

ПР-от, ПРЕС модератор и водител на годинешната манифестација Антонио Димитриевски со претставниците на медиумите ја сподели и забавно-музичката програма која покрај главното дефиле на маските, годинава ќе се одвива во две вечери.

Првата вечер, на 12-ти јануари (недела) на сцената во Вевчани ќе настапат мегапопуларниот македонски трапер, охриѓанецот Пајак, потоа една од најдобрите македонски поп-рок групи „Ареа“, а вечерта ќе ја затворат легендарните предводници на некогашниот „њу примитивизам“, групата „Забрањено пушење“.

Втората карневалска вечер, на 13 јануари (понеделник) во музичкиот програм ќе ја отвори најпознатата македонска етно-поп група „Љубојна“. По неа ќе настапи златното грло на македонската новосоздадена фолк песна, Наум Петрески, а програмата ќе продолжи со „Оркестарот со зурли и тапани Вевчани“. Вечерта ќе ја затворат со својот настап Перо Бели и Коки – Биоритам.

Се на се, организаторите и годинава ветуваат уникатно доживување со многу забава, музика, смеа, игра, оригинални маски, вевчански дух и неизмерно гостопримство за сите што ќе дојдат на „Вевчанскиот карневал 2025“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button