Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Забавен хороскоп: Еве кои се најдобрите професии за секој хороскопски знак

Реклама

Секој хороскопски знак има одредени желби, страсти и способности, па според тоа му одговараат различни професии. Секако дека ова не е правило, но вреди малку да се забавувате, а можеби ова ќе ве поттикне да си откриете некој ваш скриен талент.

ФОТО: monochromepink.com

Овен: Работни позиции кои вклучуваат преземање риизк. На пример, може да вложувате капитал во нешто или да бидете личен тренер во нешто што ќе ви носи возбуда.

Бик: Вие можете да се обидете како сопственици на ресторан, дизајнери на ентериер, сомелиери или производители на мебел. Нешто што ќе ви даде рамнотежа помеѓу новитетите и стабилноста.

Маркетинг

Близнаци: Вие сакате соработка, па размислете за шминкери, преведувачи, новинари, стилисти…

Рак: аботни позиции каде што се сечат минатото и сегашноста. Размислете за продавачи на антиквитети или нешто слично, а можеби пак е време да го земете пенкалото во рака и лист хартија, па да се обидете да пишувате фантастичен роман.

Маркетинг

Лав: Одлично ќе се снајдете како наставници, инспиративни говорници или нешто што има врска со јавноста.

Девица: Хемичари, креатори на парфеми, подготвување коктели, професии поврзани со природата и слично. Што имаат овие професии заедничко? Обрнувањето внимание на деталите!

Вага: Вие добро ќе се снајдете како куратори во музеј, културни критичари, графички дизајнери или адвокати.

Скорпија: Барајте професии кои ќе ве натераат да се нурнете под површината и да ја откриете внатрешноста на работата, како што се на пример хирурзи, психолози, социјални работници, детективи или археолози.

Стрелец: Вие сакате да излезете од границите, и постојано да се усовршувате. Затоа, може да се одлучите за туристички водичи, пилоти, наставници и слично.

Јарец: Вие сте познати како амбициозни, па добро би ви одговарала лидерска позиција.

Водолија: Астронаути или технолошки иноватори ќе ви прилегаат одлично. Освен тоа, може да бидете и инструктори за летање со падобран и слично.

Риби: Изберете професии кои навлегуваат длабоко во емоциите, како што се на пример исцелители, духовни водачи, музичари, поети и фотографи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button