Реклама
Култура[тор]

Ева Браун во Скопје

Реклама

После дваесетгодинишни договори и преговори, Ева Браун конечно во Скопје.

Маркетинг

На 28. април (21 часот) во клубот Хавана, Password продукција со гордост го најавува првиот македонски настап на Ева Браун, еден од најоригиналните и најсофистицирани бендови на српската сцена, состав кој 2007. година го имаше својот голем камбек, а три години подоцна и долгоочекуваниот повратнички албум Playback.
 
Ева Браун е поп група која доаѓа од малиот Бечеј, Србија, формирана 1989. година од Горан Васовиќ и Петар Долинка, набргу подоцна придружени од Милан Главашки и Љубомир Рајиќ. Под големо влијание на The Beatles, The Who и The Jam, деби албумот од 1992. година

{youtube}alENHjUeiE4{/youtube}

Прислушкивања (реализиран на тридесетогодишницата од издавањето на првиот сингл на Битлс), веднаш ги лансира во кругот на најреспектираните нови домашни бендови. Нивниот втор албум Unplugged година подоцна, е само вовед во она што ќе се случи во 1995та – реализирањето на нивниот легендарен албум Pop Music, за издавачката куќа B92, еден од ретките оптимистички изданија во времето на големата економска депресија и етничка психоза. Опремен со разбирливи ноти и пораки, Поп Мјузик со отворено срце беше веднаш прифатен од публиката, а со иста енергија и од критиката. Албумот ги донесе, денес големите хитови “Сасвим обичан дан”, “Змајеви”, “25. август” и “Сада не знам где сам не знам шта”. Желбата за експериментирање ги води три години подоцна во нови води на албумот Heart Core. Следуваат Nowhere Land (1999, ZIP Records), First & Last (2000, Аутоматик) и секако Еверест (2001, Б92). По распаѓањето на бендот и нивното долгопосакувано реофорување во 2007. година во оригиналната постава, Ева Браун во 2010. година го реализираше албумот Playback, за Exit етикетата, и тоа како издание за бесплатно превземање. Нивната листа на музичари со кои соработувале е огромна, а помеѓу останатите тука се и Влада Дивљан од Идоли, како и актерот Сергеј Трифуновиќ.

{youtube}0aa4xOX-8Y0{/youtube}

Со песната “Сасвим обичан дан”, Б92 ги вброи во својот избор на 100те најдобри домашни песни, а албумот Прислушкивања се најде во најдобрите 100 во изборот на книгата YU 100: најдобрите албуми на југословенската рок и поп музика, на авторите Душко Антониќ и Данило Штрбац.

Претпродажбата на влезниците за концертот на Ева Браун – наскоро,
во продажната мрежа на МК Тикетс.

SHOPPINGMAGAZINE.MK

[issuu width=420 height=280 embedBackground=%231c181c shareMenuEnabled=false backgroundColor=%23222222 documentId=120308102057-a1d3c49c84a3411090e336248f289054 name=broj4 username=shoppingmk unit=px id=3098c961-d890-8482-122d-f33b56f7240c v=2]

Разлистај го мартовското издание на ShoppingMagazine.mk
со едноставен клик на копчето EXPAND!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button