На многумина им е доста од нејзиниот целулит – познатата „плус-сајз“ манекенка критикувана исто како и „анорексичните“ модели
Оваа девојка е една од ретките дами која постојани добива комлименти поради своите големи облини и вишокот килограми.
Имено, таа е позната токму поради својот буен изглед и како еден од највлијателните промотери на плус-сајз изгледот, со секое нејзино појавување и објава на Инстаграм предизвикува воодушевување и голем број лајкови.
Станува збор за познатата „плус-сајз“ манекенка Ешли Грејем за која сме сигурни дека веќе многу добро ја знаете. Таа неодамна во Мајами снимаше нова модна кампања „Vinatage Car“ во едноделен костим за капење, а во преден план покрај преубавиот костим за капење се и нејзините стрии и целулит кои познатата манекенка не само што не ги крие туку и секаде гордо ги истакнува.
Сепак, не се сите воодушевени од нејзиниот изглед. Имено како што промовирањето на анорексичниот изглед беше погрешен екстрем за она што треба да преставува женската убавина, така и сега некои се загрижени дека ваквите параметри кои што ги промовираат познатите „плус-сајз“ убавици се повеќе личат на промоција на дебелината.
https://www.instagram.com/p/Bgc2ILVnFCp/?utm_source=ig_embed
Според критичарите на Ешли Грејем, таа не само што ја промовира дебелината која не е здрава и со тоа ги доведува во заблуда жените дека не треба да се борат со вишокот килограми, туку и нејзините провокативни фотографии се повеќе личат на некој евтин „софт“ еротски магазин, отколку на било што поврзано со модата.
https://www.instagram.com/p/Bee21tnnsTi/?utm_source=ig_embed
Што мислите вие?