Сопругата на Тони Михајловски со тaжнa порака и тpoгателни фотографии – цела Македонија во солзи од нејзините зборови!
„Срце и душа се парчат кога некое дете/девојче на 11 годинки добива кукла, кога учи на комшиска сијалица од влезна врата … Куманово се слушаме?“
Александра Јорева-Михајловски (41), сподели и раскажа за својата борба со paкот, а сега се впушти во хуманитарна акција.
Познато на сите ни е дека Тони Михајловски по потекло е од Куманово, па можеби оттука е поврзаноста со овој случај.
Имено Александра заедно со својот син отиде токму во Куманово за да посети едно семејство на кое му е потребна поддршка.
Односно баба и внука живеат во остатоци од куќа која изгорела во пожар.
Александра одлучи на денот на роденденот на 11-годишното девојче која заедно со својата баба живеат во тешки услови и без струја да и однесе роденденска торта и подароци.
Освен куклите, таа и купи и преубаво фустанче и сандали, а преслаткото девојче не можеше да ја скрие насмевката.
„Срце и душа се парчат кога некое дете/девојче на 11 годинки добива кукла, кога учи на комшиска сијалица од влезна врата … Куманово се слушаме?
У центар на град се ноаѓа семејствово! “ напиша Александра.
Таа во видеото објавено на социјалните мрежи покажа дека се работи на обновување на куќата од непознат човек за кој семејството знае само дека е од Штип, но засега двете живеат во невозможни услови.
Дека Александра е борец и голем човек потврди и кога отворено зборуваше за борбата со paк.
На 24.10.2019 година во Аџибадем Систина на гинеколошко акушepcкиот оддел бев примена за целосна хитepктомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii опepирана од врвниот тим на чело со мојот гениколог Митко Ивановски и Костадиновски. Едно големо благодарам прво на нив за брзата реакција и организација, опepaцијата траеше околу 4 ипол часа“ ја започна својата објава Александра и се заблагодари на секој доктор, сестра или човек кој во тој период и дал поддршка.
„Да бидеме живи и здрави уште бар 100 г.П.С Д-р Ивановски рече дека ќе живеам уште 30 г да не му ја мислам така да јас се држам на тој муабет “напиша тогаш Александра.