Огласи
Вести

Емотивна објава на таткото на Фросина Кулакова – ова ги растажува сите, толку боли што не се опишува!

Таткото на Фросина неутешен, како минува времето болката за ќерката станува се поголема...

advertisement
advert

Таткото на Фросина Кулакова се огласи на социјалните мрежи

Младата дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова, загина во тешка сообраќајна несреќа на 22 годишна возраст.

Таа загина на лице место откако во неа удри несовесен возач кој помина на црвено светло и ја прегази на пешачки премин.

реклама

Фросина беше млада и успешна дизајнерка, која пред само неколку месеци ја одржа својата модна ревија која за жал, заради прераното згаснување на нејзиниот живот, ќе биде и нејзина последна, но која засекогаш ќе остане во сеќавањето на најблиските.

Сега нејзиниот татко Тодор Кулаков, неутешен и скршен од болка се потсети на овие моменти кога цело семејство се радувале на успехот на Фросина, споделувајќи на Фејсбук негова постара објава.

Марpкетинг

Принтскрин/ Фејсбук

Објавата е од јуни 2024, од модната ревија на Фросина, кога таткото беше горд и среќен заради својата ќерка, која, за жал, повеќе ја нема…

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, со тажна објава се огласи деновиве и чичкото на Фросина, а неговата емотивна порака може да ја прочитате тука.

Протестен марш за Фросина

Во саботата во родниот град на Фросина нејзините другарки одржаа протестен марш на кој се бараше правда за неа, но истовремено и да се преземаат мерки и итно да се намали насилството во сообраќајот, да се направат темелни промени во правосудството и максимална казна за обвинетиот Васил Јованов (20) што ја прегази Фросина, под дејство на алкохол и на пешачки премин.

Принтскрин/ Фејсбук, Телма

Балони пуштени во небото во чест на Фросина

Еден ден претходно, на прес-конференција родителите на Васил Јованов изразија сочувство до семејството, по што се огласи таткото на Фросина и изјава дека нема намера да прифати таквото сочувство бидејќи е лажно.

„Бог нека ми прости, мојата фамилија нека ми прости, јас такво сочуство не можам да прифатам бидејќи е лажно. Иако нивните намери им се такви нечовечни, јас само една работа можам да ги посоветувам“ изјави таткото на Фросина, Тодор Кулаков.

„Молете се на Бога, признајте го делото, синот да го признае делото, да признаат мајката и таткото дека се соучесници во прикривање на криминалот, во прикривање на убиството.. Да пикаш телефони по притвори за да се договараш е чисто соучесништво. Значи, признајте го делото, правдата да биде задоволена, во спротивно самите си гледаат како јавноста ги третира“, коментираше таткото на Фросина во последното издание на емисијата „Код“.

epp

Гламур

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Инстаграм/ Фросина Кулакова

epp2
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button