Реклама
Култура[тор]

EMA-нов суцидален идол

Реклама

„Ерика – за моите пазуви перика? Не, не таа – туку Erika M. Anderson, новата indie хероина (исто така ова не е ниту нов вид на Хероин) која со својата гитара ќе ве тресне по глава, ќе ви ја распори утробата и ќе ве остави без ејакулација!“

Маркетинг

Сите респектабилни медиуми тврдат дека оваа девојка е иднината на која уште од сега треба да се обрати внимание. Истите тие медиуми по ред свршија (не буквално!) на нејзиниот првенец, што веднаш создаде и пристојна група на следбеници помеѓу indie екипите која ги цени филспекторовски  (потекнува од Долнодупени) продуцираната гитарска меланхолија. Позната под уметничкото име EMA, Erika стана (како што тоа во денешно време биднува) хероина на вебот, откако ја доби титулата ’најблогувана‘ личност на неделата. Сите музички сајтови пишуваа за ова ново и свежо откритие, а за личниот живот на младава дама пишуваа дека е потомок на познатиот свиреп викиншки воин Ерик – Крвавата Секира! Дури ни ние немаме појма дали тоа е вистина (ако не сте забележале, ние знаеме скоро сé за сé), но она што со сигурност го откривме е дека EMA со сигурност има свирено во култниот дрон кантри бенд Gowns и дека материјалот на нејзиниот дебитантски албум “Past Life Martyred Saints” e вреден да се преслуша. На истиот предничат сингловите “The Grey Ship”, “California” и “Milk Man”. Како за почеток, ние ќе ви го понудиме вториот сингл од споменативе, а вие сами пресудете дали има нешто што ви се допаѓа….

{youtube}BacPDrDeY8U{/youtube}

Маркетинг

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button