Реклама
Култура[тор]

Настапот на Einstürzende Neubauten во Атина

Реклама

„Пред повеќе од месец дена во Атина се одржа концерт на Einstürzende Neubauten. Се работи за популарен експириментален бенд од Германија (поточно од западен Берлин), но популарен повеќе во музичките кругови, помеѓу оние со малку поинаков вкус за музиката и музичката индустрија.“

Инаку луѓето кои го преставуваат овој бенд, покрај овој проетк, работат и на други, па така фронтменот Бликса Баргел долго време беше и битен член, стожер на беднот на Nick Cava – Bad Sides. Тој е човекот што во спотот на Weeping Song веслаше заедно со Nik Cave во чамецо, во непознат правец. Басистот на групата пак, Alexander Hacke, во јавноста е познат и по тоа што ја продуцираше музиката за филмот на Fatih Akin Head-On (2004) и со кого заедно го направија документарецот Crossing the Bridge: The Sound of Istanbul (2005), кој беше популарен документарец за музиката во Истанбул (сетете се само на Баба Зула кои што доаѓаа во Универзална).   

Но да се навратам на концертот. Луѓево навистина покажаа што значи да се биде вистински професионалец како изведувач и без разлика на тежината на нивните песни тие беа изведени како да се пуштени од студиска снимка ( Тhe Garden, Sabrina, Total Eclipse of the Sun, Lets do it a Dada…). Немаше никаков видео бин, никакви виртуелни ефекти, а перформансот беше толку богат. И не само во музичка смисла, бидејќи да се гледаат овие артисти како ги создаваат нивните ѕвуци на канти, туби, цевки, со истурање на стотици вилушки, со крикови, воздишки.. е тоа е навистина за почитување.

Маркетинг

Публиката беше презадоволна, Атина побогата за уште еден уметнички чин. А нам не ни останува ништо друго туку да се надеваме дека тие ќе дојдат еден ден и кај нас, иако за сега тоа е многу тешко, бидејќи луѓето што ги носат бендовите кај нас, се мотивирани само од едно нешто, а тоа е профит! А Einstürzende Neubauten  се се, само не бенд што постои за тоа!

 

Маркетинг

 

Поврзано

Back to top button