Реклама
Коса

Направете ефикасни природни шампони против првут

Реклама

Досега сигурно сте пробале мал милион препарати кои можат да се најдат на пазарот, но ниту еден од нив не ви помогнал – вашата коса се уште е полна со упорна, ситна и досадна бела првут.

Па доколку ви е преку глава бојата на маицата или блузата да ја избирате според бојата на првутот, тогаш еве еден народен лек кој е наменет токму за вас.

Маркетинг

Еве што ви е  потребно

10 мл (две кафени лажици) екстракт од мајчина душичка
10 мл (две кафени лажици)  екстракт рузмарин
½ шолја дестилирана вода
½ шолја природен јаболков оцет

Маркетинг

Сите состојки ставете ги во стерилизирано шишенце и добро промешајте. Доколку не знаете како да го стерилизирате шишенцето тоа ќе го направите така што прво ќе го измиете убаво, па ќе го извриете во едно тенџере полно со вода која што врие. Откако ќе го направите тоа, загрејте ја рерната на највисока температура и оставете го шишенцето внатре додека не испари вишокот вода.

Оваа смеса користете ја наместо шампон, така што добро ќе ја втриете во темето. Но, не заборавајте овој шампон да го втриете на темето и пред да одите и на спиење. Не грижете се како косата ќе ви изгледа утредента, бидејќи оцетот и дава сјај, и брзо ветрее, а екстрактите од растенијата ќе ви дадат убав и пријатен мирис.

Домашни природни лекови против првут и за убава и здрава коса

Првутот всушност се мртви клетки од кожата кои се исфрлени. Доколку често ја миете косата со најразлични препарати, зголемени се шансите за првут бидејќи темето се суши и иритира. Доколку имате проблем, пробајте го рецептот кој веќе ви го препорачавме, или пак еден од следните природни рецепти, но и не заборавајте дека и зголемениот стрес може да ви го зголеми нивото на првут во косата.

Сода бикарбона за коса и против првут

Дали знаевте дека покрај сите работи за кои е корисна, содата бикарбона може да користи за коса и против првут?

Содата бикарбона ја негува косата на тој начин што ги трга насобраните нечистотии и мрснотии во косата и од кожата на главата и помага при намалување на првутот кој е предизвикан поради сува кожа. Доволно е да помешате две-три лажички сода бикарбона со малку вода и да втриете во кожата на главата, а потоа да ја измиете косата. Инаку, можете малку сода бикарбона да додадете и во вашиот шампон кој што го користете. Со помош на содата бикарбона ќе ја смирите кожата на главата, бидејќи произведува помалку себум и на тој начин ќе го решите и проблемите со првут и мрсна кожа, а вашата коса ќе стане чиста, мека и здрава.

Докажано е и дека содата бикарбона го спречува и опаѓањето на коса кое на многумина им претставува вистинска кошмар.

Како да направите домашен ампон (фото)

Сода бикарбона и лимонов сок

Покрај претходниот начин, содата бикарбона можете да ја користите и така што ќе ја додадете во сок од лимон кој исто така е многу делотворен. Земете сода бикарбона и додадете неколку капки во лимоновиот сок. Нанесете на кожата на главата со помош на четка. Држете околу десет до петнаесет минути и потоа измијте ја косата.

Оцет од јаболко против првут

Оцетот од јаболко навистина има многу лековити својства, и пред се влијае позитивно на кожата и косата. Во комбинација со вода, јаболковиот оцет дава фантастични резултати против првутот. Работата е во тоа што нормалниот pH на косата е благо кисел, а шампоните кои што се користат се со базен состав, па од тука е јасно дека тие само и штетат на косата. Јаболковиот оцет е кисел и како таков потполно одговара на вашата коса и на кожата на главата. Вашата коса ќе стане мека и сјајна, а првутот ќе го снема. Покрај ова јаболковиот оцет го спречува растењето на габите за кои се смета дека се виновни за појавата на првутот.

Лимонот природен лек против првут?

Сокот од лимон, покрај сите останати лековити својства, претставува и едно од најдобрите лекови против првут. Потребно е само да измешате сок од лимон со вода и да го втриете во влажна кожа на главата, а потоа да ја измиете. Можете исто така и со кората од лимонот да ја триете главата. Лимонот исто така спречува и мрсење на косата. Лимонската киселина од лимонот е погодна за киселоста на косата, слично како и оцетот од јаболко. Лимонот е ефикасно средство и за чистење и убивање на микроорганизмите кои и штетат на кожата на главата.

Јогурт и црн бибер

Промешајте темелно две лажички црн бибер во прав. Потоа оваа смеса втријте ја во кожата и измијте ја косата со квалитетен (природен) слаб шампон.

Маслиново масло против првут

Можете да се решите од првутот и со помош на маслиново масло. Маслиновото масло е едно од најценетите домашни лекови за првут. Нанесете малку маслиново масло на темето и со кружни движења, пред спиење.

Измијте ја косата во раните утрински часови.

Сок од лимон и кокосово масло

Измешајте една лажичка сок од лимон со пет лажички кокосово масло. Нанесете на кожата како би го ослободиле првутот. Сокот од лимон е природен лек за првут. Постои еден мит дека од сокот од лимон може да ви побелее косата. Но, тоа не е точно. Оставете го овој лек на кожата 20 до 30 минути, а потоа измијте со шампон.

Аспирин во шампон

Досега сигурно сте ги слушнале предностите на користењето аспирин, но дали сте знаеле дека овие магични апченца можат да ви помогнат во доволна мера и да го излечите проблемот со првут. Се што треба да направите е да го скршите апчето и да измешате со обичен шампон. Потоа применете го и масирајте правилно. Не заборавите да користите добар регенератор по ова.

Јаболков оцет и сок од лимон

Погоре ви спомнавме како со помош на јаболков оцет да се решите од првутот. Сега пак ќе ви претставиме еден рецепт направен од јаболков оцет и лимонов сок кој исто така е мошне ефективен во борбата со првут. Се што треба да направите е да измешате малку јаболков оцет со малку лимонов сок и потоа со помош на четка (или со рацете) добро да втриете на целата област. Оставете некое време да отстои на вашата глава, а потоа измијте ја косата со обичен шампон.

Алое вера и сок од лимон

Користете природна алое вера за лечење на првутот. Таа исто така помага и да го намалите црвенилото и чешањето предизвикано од првутот. Земете еден дел алое вера сок и сок од лимон. Добро измешајте и нанесете на косата и на кожата на главата. Нека остане едно 15-на минути, најмалку.
Потоа измијте ја косата со топла вода за најдобар резултат.

Кокосово масло и екстракт од рузмарин

Екстрактот од рузмарин помага да се намали проблемот на првут во косата за многу кратко време. Земете екстракт од рузмарин и додадете го во кокосовото масло. Нанесете на кожата на главата и не заборавете да го измасирате скалпот. Оставете околу еден час. Исто така ова можете да го користите и ви природен облик.

На крајот измијте ја косата со шампон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button