Фитнес

Само една вежба за совршено обликуван задник!

Advertisement

Тајната е едноставна: малку поинакви чучњеви!

Advertisement

Ако веќе некое време се трудите да ги кренете и обликувате мускулите на задникот, но едноставно не ви успева, или барем не со темпото со кое сакате, ви предлагаме да ја пробате оваа вежба. Земете едно шише со вода, облечете патики и да почнеме!

Фитнес тренерите ги истакнуваат чучњевите како најдобра вежба за обликување на задникот, но за да не ви здосади постојано правејќи едни исти чучњеви, можете да пробате со оваа унапредена верзија. Кога се прават чучњеви, се активираат најголемиот дел од мускулите во долниот дел од телото, вклучувајќи ги и мускулите на предниот дел од колковите, на страните на колковите и на задникот. Напредните чучњеви даваат одлични резултати – кај оние што имаат мал задник, го зголемуваат и подигнуваат, а кај оние што имаат преголем задник, го намалуваат.

Advertisement

Како се изведуваат овие чучњеви?

1. Застанете исправено без свиткувања во колената или колковите и држете ги нозете во ширина на рамењата. Во рацете држете тегови од три до пет килограми.

2. Ставете ја целата тежина на петите, но не дозволувајте прстите да се одлепат од подот. Дозволете колената да се свијат, но држете го исправен горниот дел од телото, и малку наведнат нанапред. Затегнете ги стомачните мускули и задржете ги исправени кичмата и вратот. Раширете ги рацете така што лопатките ќе ви се допираат.

3. Додека клекнувате не смеете да го преминете аголот од 90 степени. Кичмата во долниот дел од телото мора да биде паралелна со потколеницата.

4. Вратете се во почетната положба така што притисокот ќе оди прво од петите а потоа се шири кон колената и колковите. Замислете како да ги притискате колковите на ѕид пред вас и притоа ги затегате мускулите на задникот.

Повторувајте ги овие чучњеви во неколку серии од 20 пати. Важно е да ги контролирате движењата додека ја правите вежбата. Ниту еден дел на телото не смее да биде опуштен. Токму во ова е тајната на овие различни чучњеви.

Извор: fashion.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button