Реклама
CATWALK

Едиторијал инспириран со психоанализа на нашите виртуелни податоци

Реклама

Еден од најгенијалните едиторијали што сме ги виделе во последно време

Најверојатно на сите ви е јасно дека со секое кликнување или лајк на интернет потполно несвесно исполнувате голем прашалник кој ги означува вашите желби, потреби и најскриени референци. Психометриските алатки какви што разви Кембриџ на посебен начин ги проучуваат аспектите на вашата личност забележувајќи ги вашите стравови и желби, како и ноќните пребарувања по пребарувачите како Гугл креирајќи го вашиот виртуелен дух и категоризирајќи ве во комплексни категории како „хипохондричен готвач кој не сака турски серии, но и не го интересираат вести“ или „шопингхоличарка која претерано се грижи за својата коса и сака романтични филмови“. Да живееме во време кога вашите мисли се од јавен интерес, а крајната цел од ваквата психоанализа е пласирање на огласите кои директно ве интересираат (па дури и кога не знаете дека тие навистина ве интересираат!). И сето тоа секако, како би потрошиле повеќе пари, а нивните клиентите би биле позадоволни….

Маркетинг

Токму од ова беше инспириран креативниот тим на SSENSE, позната e-tailer продавница  од Монтреал. Тие со психоанализа добиена од виртуелните податоци прикажаа наратив користејќи парчиња со потписот на модната куќа Balenciaga. Едиторијалот се вика Big Data,  а преку фотографиите прикажуваат како нашето тајно јас кое се прикажува на интернет го покажува своето скриено лице кога мисли дека никој не го гледа.

Маркетинг

Фотографот Тим Гут претстави воајерско патување во кое секој може да се најде од спротивната страна на објективот, онакви какви што сакаме да бидеме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button