Кафе муабет

Руски град ја забрани јогата

Advertisement

Вo градот Нижњевартовск во централна Русија е забрането во јавни установи да се практикува вежбање јога, а во позантиот руски магазин „The Moscow Times“ таа беше окарактеризирана како религиски култ.

Advertisement

Градот на локалните студии за јога им испрати соопштение во кое стои дека изнајмувањето на просторот за практикување јога мора да биде стопирано. Според The Moscow Times Владимир Путин со ова го стопира ширењето на јога како би ја насочил државата кон практикување на ортодоксното христијанство. Во соопштението пишува дека „Hatha“ јогата е поврзано со религиозните пракси и почитувања, како и со индискиот национализам, а својот став поборниците на оваа забрана го темелат на тврдењата дека големи учители на јогата како Индре Деви и Сатчиданаде своите следбеници ги поучувале не само на телесните, туку и на духовните практикувања. Бидејќи јогата во неазиските земји повеќе се практикува рекреативно, а помалку како одраз на верскиот идентитет, не сме сигурни дека ваквата остра одлука на владата била потребна, а останува и нејасно дали дополнителното затварање на Русија кон поинаквите мултикултурни и мултирелигиски искуства е добра идеја.

Интересно е и тоа што пред само неколку недели и Македонската православна црква, по состанокот на Свештениот Синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на „Светскиот ден на јога“ од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни. Тогаш Македонската православна црква, односно поточно Митрополитот Брегалнички Иларион, на проповедта после Светата Божествена Литургија која се одржа во Лесновскиот Манастир побара од сите верници кои практикувале или практикуваат јога вежби (можеби и од незнаење), да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои не сакаат да се покајат, тој им даде анатема, како и забрана да пристапуваат до Чашата се до денот на нивно покајание.

Advertisement

По ова следуваше жестока реакција од страна на јавноста, по што претставници од Православната црква излегоа со став дека нашата црква не ја забранува јогата, ниту, пак, целта ѝ е да го направи тоа, туку апелира до верниците дека таквото вежбање пpоследено со медитации не е во согласност со православното учење

Инаку, Според Законот за алтернативна и комплементарна медицина, кој Владата го предложи, а Собранието го изгласа во февруари годинава, јогата е еден од методите  и постапки на рехабилитација и лекување, а токму како такви тие и претходно се практикувале во некои здравствени иснтитуции во земјата. Освен јогата, како методи и постапки на рехабилитација во Законот се наведуваат и апитерапија; ароматерапија; чи гонг вежби; духовна енергетска медицина; енергетска терапија – реики; детекција на штетни зрачења; семеен распоред (фенг шуи); тај чи чуан вежби; макробиотика и традиционална домашна медицина.

Од друга страна пак, во земјата на бизоните, Америка, илјадници луѓе се собираат секоја година на Тајм Сквер, Њујорк како би го одбележале настанот „умот над лудилото“, а оваа година и како би го одбележале „Светскиот ден на јогата“.

{youtube}Jt2lcRd7iK0{/youtube}

Што мислите за ова? Дали може и кај нас да се случи еден ден да се разбудиме и сите оние кои практикуваат јога да мораат да се покајат? Или пак сметате дека јогата е практична, а може да им помогне и на пациентите при рехабилитација и лекување?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button