Наши ѕвезди

Џими од Штип веќе го знае целиот Балкан, но еве како изгледаат и НЕГОВАТА сопруга Билјана со синовите Адамс и Анџело

Advertisement

Нигериецот Џими во Македонија остана заради сопругата Билјана која му роди двајца синови

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Би-би-си

Кога би биле штипјани, би гласале за него. Неговото име е Симон Поликарп, попознат како Џими, а причината што остана во оваа земја има македонско име.

Advertisement

Имено, Џими речиси 40 години живее во овој град, од каде е и неговата сопруга Билјана со која има два сина.

Тој сега има и внуче, а како што самиот вели во интервјуто за „Би-би-си“, бил испратен од Нигерија за да студира геологија и потоа да се врати и да работи на нафтените полиња во неговата земја. Но во Штип ќе ја пронајде својата љубов со која ќе добие две деца, Адамс и Анџело.

Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп

На предвремените изборите за градоначалник на Штип има пет кандидати, но ова е прв пат во историјата на Македонија да се случи на избори да се појави човек со потекло од Африка, кој веќе долго време живее во Македонија.

Advertisement

Џими родум е од Африка, односно од Нигерија, а во Штип нема некој што не го познава. ТОј годинава реши да се кандидира за градоначалник од конзервативната партијата „Интегра“. Негови ривали, во градоначалничката трка за прв човек на Штип, кој ќе има мандат до октомври 2021 година се и независниот кандидат, Трајче Митев којвеќе  ги собра потребните 260 потписи од граѓаните, Лазар Наумов, од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, како и Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, од двете партии: Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп

Ова што се случува во Македонија го нема ни во Африка!

Џими деновиве разочаран откако на три дена пред локалните избори некој ги искинал сите плакати со негово име, изјави:

„Не можам да кажам зошто и кој се одлучил на еден ваков вандализам. Со никого не сум се скарал, напротив, со сите живеам и ги почитувам. Но, можам да речам дека вака не се гради демократија. Ова го нема ни во Африка“, вели Џими за порталот ММС.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Патот од Нигерија до Штип

Џими од Нигерија во Штип ќе дојде како 17-годишно момче, преку проектот за размена на студенти.

Тој најпрво ќе дојде во Пробиштип, во далечната 1977 година, заедно со уште преку 1000 ученици што во тоа време дошле да учат и студираат во титовата Југославија.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

И додека сите останати се вратија назад, или заминале да живеат и работат во некои други земји, Џими во Штип ќе ја запознае Билјана, жената во која што ќе се вљуби и со која ќе создаде семејство. Тој во интервју за Фокус вели дека целата работа се променила откако ќе им се роди синот, кога и семејството на Билјана ќе го прифати.

Џими со семејството, Извор: Фокус

„Билјана секогаш ме гледаше со очи полни со љубов, така да и тоа беше пресудно сите да ја сфатат сериозно нашата љубов и решителност да останеме заедно во добро и лошо“, вели Џими за „Фокус“.

По една година ќе се роди и вториот син, Анџело, кој денес има 30 години.

Фото: Фејсбук/ Анџело Поликарп
Фото: Фејсбук/ Анџело Поликарп

Неговиот една година постар брат се вика Адамс. Тој со својата сопруга Марија неодамна доби син.

Фото: Фејсбук/ Адамс Поликарп

Внукот на Џими се вика Јуниор Симон.

„Среќни сме што ни се роди внукот, тоа е веќе наша трета генерација овде, и јас продолжувам со мојата мисија, да го направам ова место подобро катче за живеење за сегашните и сите идни генерации“ – вели Џими во неговото неодамнешно интервју за порталот „Фокус“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Адамс Поликарп
Фото: Фејсбук/ Адамс Поликарп
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп
Фото: Фејсбук/ Симон Поликарп

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button