Кафе муабет

Дозволи ми да те сакам

Advertisement

Дозволи ми да те допрам на сите места кои те болат.

 sakam1

Advertisement

Дозволи ми да те допрам на сите места кои те болат. Дозволи ми да ја видам приказната која е напишана за тебе. Дозволи ми да те бакнам и твоите усни повторно да ги вратам во живот. Не зборувај ништо повеќе. Нека нашите усни ѝ се препуштат на љубовта, нека се запознаат, а јазиците да се синхронизираат, едниот да е во потрага по другиот.

Дозволи заедно да ги делиме соништата, да ги запознам сите твои потреби и желби, да ги запознам и твоите најдлабоки и најтемни страни

Дозволи ми да те ценам, пушти ме да влезам во твојот свет. Сподели ги со мене твоите слабости, своите маани и предности. Дозволи му на твоето срце уште еднаш да се предаде, да верува, да сака. Ајде заедно да ги истражуваме сите работи во овој свет, да ги истражуваме своите тела. Кажи ми ги твоите цели и дозволи заедно да го осознаваме светот, држејќи се за раце. Не откажувај се од личноста која можеш да станеш. Нека нашите срца бидат наши светилки и во најмрачните денови. Никогаш нема да ти ветам нешто што не можам да го исполнам.

Advertisement

Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек >>

Она што знам е дека секогаш ќе те сакам, сé додека Бог смета дека треба да бидам на оваа Земја. Ти ветувам дека ќе те сакам и ќе те штитам до крајот на својот живот. Зборувај ми за себе, за своите стравови. Јас сум овде и ќе те слушам. Дозволи ми да те запознам на начин на кој никој никогаш до сега не го направил ова. Ти ветувам дека нема да те осудувам. Ти ветувам дека ќе бидам тука кога ќе ти требам. Ти ветувам дека ќе те сакам.

Не трошете ги своето време и енергија на другите луѓе, ве жали ли некој вас >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button