Реклама
BEAUTYНега и здравје

Неколку причини зошто е добро да пиеме чај од ѓумбир

Реклама

Чајот од ѓумбир нуди бројни користи за вашето здравје, а во продолжение дознајте во кои состојби може многу да ви помогне овој здрав пијалак.

Ги ублажува мачнините

Една од најпознатите предности на ѓумбирот е ублажувањето на мачнините. Само една чаша чај од ѓумбир може да ги спречи мачнините предизвикани при патување или утринските мачнини кај бремените жени. Ако често страдате од мачнини предизвикани од патување, 1 до 2 часа пред тргнување испијте една чаша чај од ѓумбир.

Го поттикнува варењето

Чајот од ѓумбир може да ги ублажи надуеноста и гасовите. Кај некои луѓе се покажало дека овој чај има позитивно влијание при регулирање на апетитот.

Маркетинг

Го намалува воспалението

Противвоспалителните својства на чајот од ѓумбир веќе се добро познати, па токму поради ова тој е совршен за ублажување на болките во зглобовите и мускулите. Ѓумбирот може да се наноси и површински, што се покажало делотворно кај личности кои страдаат од артритис.

Ги ублажува менструалните тегоби

Чајот од ѓумбир може да ги ублажи менструалните грчеви, а облогите од овој чај може да ги опуштат стомачните мускули.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button