Кафе муабет

Дознајте повеќе за животот на Коко Шанел, модната икона која до ден-денес инспирира

Advertisement

Кога и да се спомене некоја модна легенда, секогаш првото има коешто ни паѓа напамет, е Коко Шанел.

Advertisement

Таа била една од највлијателните жени во модната историја, а нејзиното наследство ќе живее вечно, благодарение на нејзините безвременски и исклучителни дизајни, кои биле секогаш понапред од времето. Малиот црн фустан, костимот Шанел, маиците во риги, синџирестите чантички прекриени со штавена кожа, како и еден од најпродаваните парфеми на сите времиња Chanel No.5, се само дел од нејзините легендарни креации, кои засекогаш оставиле печат во светската модна сцена.

Тајната на нејзиниот успех се состоела во нејзината упорност, амбициозност, самоувереност и уникатен пристап во работата. Нејзината мисија била да создава модни парчиња кои нема да ги следат постојните трендови, туку да креира нови и легендарни модни дела, кои никогаш нема да бидат заборавени. Особен акцент ставала на удобноста, преку создавање кежуал и релаксиран стил, носење ѕвонарки и кратки здолништа, што претставувало тотална спротивност на тогашната мода, според која жените мислеле дека мораат да носат тесни и неудобни корсети, за да изгледаат убаво и привлечно.

Advertisement

Габриел „Коко“ Бонур Шанел (1883-1971) родена во Самур, Франција имала многу тешко детство и израснала во сиромаштија. Нејзината мајка починала кога имала само 12 години и тогаш татко ѝ ја пратил, заедно со нејзините четири сестри во женски манастир во Обазин, централна Франција, каде останала шест години. Таму образовниот и воспитен систем бил многу строг, но на позитивната страна, калуѓерките биле токму тие кои ја научиле Коко да шие. Во тој момент таа не знаела дека шиењето еден ден ќе ѝ стане професија, која ќе смести на тронот на светските модни легенди.

Во текот на животот имала неколку богати љубовници, кои имале голем удел во развојот на нејзиниот бизнис и кариера, но никогаш не се омажила и работела посветено сè до нејзината смрт, во 1971 г. После 12 години од нејзиното заминување од овој свет, компанијата ја преземал модниот дизајнер Карл Лагерфилд, со цел да се обиде да го продолжи легендарниот пат, којшто Коко го оставила зад себе.

И покрај тоа што имала многу тешко детство, а и нејзиниот живот како возрасна личност бил исполнет со многу подеми и падови, таа секогаш се борела и никогаш не се откажала од нејзината цел – да постане успешна и уникатна трендсетерка и феминистка, која ќе постави пример за жените ширум светот. Покрај нејзините легендарни креации, таа секогаш имала нешто паметно да каже и поради тоа била и секогаш ќе претставува вистинска инспирација за многу жени ширум светот.

Погледнете дел од нејзините цитати, кои со сигурност ќе ви ја поттикнат вашата женственост и самодоверба и ќе ве инспирираат да преземете поголема иницијатива во вашиот живот:

1. „Мојот живот не ме задоволуваше, па затоа си создадов нов.
2. „За да биде една личност незаменлива, мора да биде различна од толпата.“
3. „Постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати.“
4. „Мажите секогаш ја помнат онаа жена која им создала грижи и неспокој.“
5. „Модата проаѓа, но стилот останува.“
6. „Луксузот мора да биде удобен, во спротивно не е луксуз.“
7. „Можеш да бидеш прекрасна на 30, шармантна на 40 и неодолива до крајот на животот.“
8. „Сè додека знаете дека мажите се како деца, тогаш знаете сè!“
9. “Каде треба да ставаме парфем? – праша една млада дама. ‘Онаму каде што сака да биде бакнувана’ – ѝ одговорив. “
10. „Модата не е нешто што постои само во фустаните. Модата е во небото, на улицата, модата е поврзана со идеите, со начинот на којшто живееме, со она што ни се случува.“

Инфографикот е изработен од: http://fashioncorner.net/
Автор: Кристина Шумадиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button