Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кое е вашето идеално хоби додека сте во самоизолација? Дозволете да ви помогне хороскопот!

Реклама

Досадно ви е дома? Тогаш најверојатно немате ја пронајдено вистинската занимација која ќе ве исполни. За среќа, овде е хороскопот да ви помогне. Пронајдете го вашиот хороскопски знак и во продолжение откријте кое е хобито кое ќе ве направи посреќни додека сте во самоизолација.

ФОТО: Shutterstock

Овен

Научете нов рецепт. Креативни сте, а многу од вас се и вистински гурмани. Спојте го тоа во едно!

Бик

Вежбајте! Бидете активни, направете си затворена домашна теретана и добијте идеи за вежбање, а во тоа може да ви помогне и интернетот.

Маркетинг

Близнаци

Прочитајте некоја книга. Вие сте љубопитни по природа, па некоја добра книга ќе ве однесе во нов свет каде што нема да ви биде досадно, туку напротив.

Рак

Преуредете ги просториите во домот. Вие сте креативни, но досега немавте време за остварување на вашите идеи. Изгледа дека сега е вистинскиот момент за тоа.

Маркетинг

Лав

Започнете да водите блог. Потребен ви е некој издушен вентил низ кој ќе можете да ги искажете своите ставови и мислења, без да бидете осудувани…

Девица

Научете нов јазик. Вие сте практични и организирани, а и така не сакате да губите време за џабе. Идеалноот хоби за вас во изолација е учење нов јазик кој сигурно добро ќе ви послужи во животот.

Вага

Научете да шиете. Вие сакате убави работи, а особено убава облека. Вежбајте ги рацете и изненадете ги своите блиски со ново парче облека.

Скорпија

Одгледувајте растенија во градината. Скорпиите не сакаат да бидат затворени во четири ѕида, а совршено хоби додека сте во самоизолација е средувањето и одгледувањето растенија во градината.

Стрелец

Гледајте документарни филмови. И така вие сакате нови работи и нови авантури, а посебно патувања во непознатото. Сега тоа е невозможно, но затоа документарните филмови ќе ве одведат на интересни локации во светот а и сигурно добро ќе се забавувате.

Јарец

Водете дневник. Многу Јарци отсекогаш сонувале да напишат книга, а сега за почеток можете да почнете да се изразувате во вашиот дневник.

Водолија

Средувајте се. Вие сакате да изгледате убаво, па сега имате доволно време да посветите на својот надворешен изглед, а кога сте дома можете да си дозволите и да експериментирате.

Риби

Свирајте. Многумина родени во овој хороскопски знак знаат да уживаат во музиката и често се надарени за неа, па затоа, обидете се да научите да свирите барем еден инструмент.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button