Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дознајте какво цвеќе ќе ги воодушеви вашите дами врз основа на нивниот хороскопски знак

Реклама

Ако планирате да ја израдувате вашата дама со цвеќе, а се’ уште не сте сигурни какво најмногу ќе ѝ се допадне, обидете се да се посоветувате со астрологијата…

ФОТО: freepik.com

За дамите родени во знакот Овен, купете некој убав буќет од црвено или бело цвеќе, дефинитивно ќе се израдуваат. Бели или црвени ружи може да бидат добар избор.

Дамата Бик би требало да добие поголем буќет кој содржи различни видови цвеќе, а тие нијанси да бидат во розеви тонови. Ружите секако ќе ѝ се допаднат, но и полско цвеќе – важно да е шарено и весело.

Маркетинг

Жените Близнаци ќе уживаат во цвеќе во разни бои, ситни мали буќети. Запаметете дека тие обожаваат се’ што е слатко и интересно спакувано.

Дамите Ракови сакаат големи буќети, а цвеќето би требало да биде бело и што поголемо. Подобар ефект ќе постигните ако лично ѝ го дадете, отколку да ѝ го испратите.

Маркетинг

Дамите Лавови сакаат ружи, но и сончогледи. Нарцисот исто така е добар избор. Битно е да сјае и буќетот да е голем, да може да се пофали на сите.

Дамата Девица е скромна и не ѝ е толку важно колку буќетот е скап или голем. Расположете ја со некој едноставен цвет, а можете да ѝ подарите и саксиско цвеќе.

Жената Вага сака ружи, нарциси и хризантеми. Важно ѝ е да биде убаво спакувано и не е важно колку ќе чини. Неа ќе ја направи среќна и нешто едноставно, што ќе ѝ покаже дека сте мислеле на неа.

Дамата Скорпија ќе се израдува од црвени ружи, а може да бидат и во бордо боја. Таа сака необично цвеќе, како орхидеи во украсни кутии. Не сака нешто обично, туку преферира елегантни и впечатливи работи.

Дамата Стрелец сака големи букети од какви било цвеќе. Неа сигурно ќе ја израдувате со што и да изберете, само да има повеќе видови цвеќиња во буќетот.

Жената Јарец сака класични буќети, не нешто преголемо или претерано. Нема да погрешите ако ѝ купите ружи, а важно е да не заборавите да ѝ го разубавите денот.

Дамата Водолија сака необични буќети, па така ќе ја расположи сино цвеќе или некој необичен цвет. Не избирајте класични буќети, зашто тоа не значи дека сте мислиле на неа, туку дека сте купиле нешто само за да поминете од ред.

Дамата Риба ќе го цени вашиот гест, без разлика за какво цвеќе станува збор. Важно е да е нешто поедноставно, а не преголем буќет. Орхидеја или ружа – одличен избор!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button