Реклама
Наши ѕвезди

Допе Куќата „згазија“ со Дедо Мразам – приказна од пет песни што мора да ја видите и чуете (видео)

Реклама

Во претпразничниот период, „Допе Куќата“ (уште еднаш) пријатно нѐ изненадија и нѐ расположија со музичката и видео приказна за Дедо Мраз и неговиот провод во Скопје.

Приказната е составена од пет дела, односно епизоди – Писма, Не е Дедо Мраз крив, Нова година, Крајот на мразот и Дедо ми на стаза, пластично отсликувајќи го модерното време во кое живееме и секако, последиците од таквата живејачка.

Зад реализацијата стојат повеќе креативци – Лаз Веѓас, Лукс Кмала, Јасмин, музичката продукција и аранжманот се на Лукс Кмала (Лука Кантарџиев), Лаз Палмаз и Бассмин, мастерингот на Владимир Аговски – Аго, режија на Тина Величковиќ, продукција на Лазар Христов, директор на фотографија – Оливер Милески, асистент на камера – Петар Стојаноски.

Маркетинг

Потсетуваме дека Допе Куќата како колектив имаат издадено четири албуми, а соло проекти што се излезени од нивна продукција се десетина.

Во продолжение, погледнете ја и слушнете ја приказната Дедо Мразам.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button