Domenico Dolce and Stefano Gabbana ја лансираа линијата на D & G во 1994 година и истата година ја отворија нивната прва продавница во Милано. Нивна особеност се агресивните, сексапилни и провокативни кампањи кои многу често се граничат со пристојноста, па така на пр. во 2007 година една нивна кампања беше забранета во Италија и Шпанија.
Како и да е, оваа мега популарна и екстравагантна двојка успешно плови во модната индустрија и зад себе оставаат бренд кој е еден од најуспешните во светот. Помеѓу најголемите ѕвезди нивни обожаватели се Викторија и Дејвид Бекам, Потоа Мадона и Кејт Хадсон.
Сопственост: Dolce & Gabbana SpA
Клиенти: Corbin Bleu, Duffy, Kate Perry, Natalie Dormer
Останати производи: очила, парфеми, фармерки, обувки, долна облека
Адреса: Via Santa Cecilia, 7 Milan, Italy 20122 39-02-774-271
Веб: http://www.dolcegabbana.it/deg/
Види ги сите колекции од Dolce & Gabbana тука.