Наши ѕвезди

Добрила денес прославува, честитки пристигнуваат од секаде – еве ги деталите

Добрила денес дува 97 свеќички на тортата.

Advertisement

Пејачката, актерка и победничка на една од серијалите на популарната емисија „Никогаш не е доцна“ Добрила Ивановска Чабриќ денеска го слави својот 97 роденден.

Добрила важи за најстара активна пејачка во целиот регион и навистина одлично се „држи“.

Advertisement

„Среќен роденден Добрила, здравје и среќа и така до сто и пет, па повторно“, „Здрава, жива, весела“ – гласат некои од низата пораки на Фејсбук упатени за славеничката.

Интересно е дека Добрила се уште вози автомобил и на патувањата оди со автомобил сама, па дури и сама вози од Скопје или од Дојран до Белград. Самата своевремено изјави дека без својот автомобил е како птица без крилја.

„Земав мал ‘Смарт’ кој е многу добар за гужва и за тежок сообраќај, каков што е денес. Така што имам чувство како да седам на мотор, а нозете да ми се на тркалата, но се чувствувам убаво“ изјави Добрила во емисија на „Гранд“, откако претходно имала несреќа на пат кон Охрид.

Advertisement
Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

Тогаш, за да избегне директен судир излетала од патот, а автомобилот останал во непоправлива состојба.

Но Бог ја чува нашата Добрила, зашто има уште многу да учиме од неа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button