Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Стрелците целосно ќе се посветат на работата, а Рибите ќе бидат провоцирани од една личност

Реклама

Еве што ви носи претпоследниот ден од месец октомври…

Овек

Денес нема да ви биде пријатно што ќе треба да се прилагодувате на другите со кои работите, наместо да функционирате на свој сопствен начин. Ќе го добиете долгоочекуваниот повик и тоа во незгодно време.

Бик

Не дозволувајте да ве изнервираат луѓето со кои денес ќе дојдете во контакт. Обидете се да се прилагодите на ситуациите, иако сепак мислите дека сте во право во многу погледи. Не сте задоволни со времето кое ви го посветува саканата личност.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе се најдете во малку незгодна ситуација зашто повеќе колеги ќе ја очекуваат вашата помош. Сакате да им угодите на сите, но свесни сте дека тоа е невозможно. Ставете ја и саканата личност на вашата приоритетна листа.

Рак

Денес можеби ќе се нервирате поради некои грешки кои сте ги направиле во изминатиот период, а кои сега се случајно откриени. Ве очекува стрес и нервоза, особено во попладневните часови. Побарајте ја личноста која ви праќа сигнали дека е заинтересирана за вас.

Маркетинг

Лав

Во попладневните часови ќе треба повеќе да ги браните своите интереси, затоа што ќе имате поголеми забелешки за вашето однесување. Вечерта посветете ја на саканата личност, зашто и двајцата ќе бидете во нестабилно расположение, иако добро ќе се согласувате.

Девица

Некој од вас очекува да ја признаете вината и да преземете одговорност за своите постапки. Вие лично не сметате дека сте направиле некаков пропуст и цврсто се држите до својот став. Ќе имате голема желба да го видите вашиот партнер, но можеби нема да имате доволно време.

Вага

Денес ќе добиете некои коментари од трети личности кои малку ќе ви го уништат расположението. Подобро расположение ве очекува во попладневните часови. Во однос со саканата личност, можеби очекувате премногу. Партнерот не е должен сѐ да ви угодува.

Скорпија

Бесмислено е да реагирате на нечии провокации, затоа што тоа ќе ви донесе само кавги од кои понатаму нема да можете да се извлечете. Извршувајте ги своите дневни обврски и дајте си прилика да се смирите. Одлична комуникација со саканата личност или симпатијата.

Стрелец

Целосно ќе бидете посветени на работните обврски. Некои работи мора да ги исправите, па се очекува многу да работите, иако можеби вие не сте одговорни за сѐ. Денес не сте прилагодливи и тешко ќе се вклопите со саканата личност.

Јарец

Ќе успеете да се вклопите во амбиентот и со вашите колеги, иако некои не ги поднесувате. Сепак, малку ќе бидете нервозни и можно е да се забележи арогантно однесување кон личноста за која се грижите.

Водолија

Доста сте загрижени во која насока ќе се одвива една ситуација, па на кратко можете да се оддалечите од вшаите колеги. Подобро расположение ви се најавува во попладневните часови. Сметате дека саканата личност премногу мисли на себе и на своите потреби.

Риби

Денес тешко ќе успеете да се организирате, затоа што премногу работи ви дојдоа на дневен ред. Повремено ќе ја губите концентрацијата. Една личност слатко ве провоцира и очекува да реагирате на тоа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button