Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Овните ќе имаат дополнителни финансиски приливи, а Рибите ќе трошат повеќе од вообичаено

Реклама

Дознајте што ви нуди овој петочен ден…

Овен

Денес на работа ќе функционирате стабилно и без некои дополнителни проблеми. Постои можност за некои финансиски приливи и заработки преку лична работа. Излезете со пријателите, денес е ден за нови познанства.

Бик

Во работното опкружување може да се сретнете со неколку непријатни ситуации, но истото ве очекува и со вашиот партнер. Токму поради тоа ќе ви биде потребна смиреност и можност со ладна глава да ги решите работите.

Маркетинг

Близнаци

Промена на плановите во последен момент. Денес ќе функциоирате на брзина, па колку и да се обидувате да се смирите и да се прилагодите на околината, нема да ви успее. Задолжително договорете излегување со пријателите, можно е да запознаете интересна личност.

Рак

Денес ќе ви се отворат големи шанси. Разговор со надредените или со некој кој ви е особено важен, ќе промени многу работи. Не брзајте со одлуката ако не сте целосно сигурни во неа. Ќе чувствувате привлечност кон една личност со која деловно соработувате.

Маркетинг

Лав

И кај вас во текот на денешниот ден се нагласени големи промени. Можно е започнување со нешто нново и значајно, или пак ќе добиете некои долгоочекувани вести. Потребно е да бидете смирени во односите со вашиот партнер.

Девица

Во текот на денешниот ден имате големи шанси за финансиски добивки. Ако вложите пари во нешто, потрудете се тоа да бидат умерени суми, не опуштајте се премногу. Не заборавајте дека ризикот не се исплатува баш секогаш. На повидок е и таен состанок или почеток на необврзувачка врска.в

Вага

Денес ви се отворени големи шанси во доменот на кариерата. Ќе имате и блага нервоза, но ќе успеете да се воздржите од импулсивно однесување. Излезете со партнерот – потребно ви е повеќе да се опуштите.

Скорпија

Ќе ве изненадат случувањата во денешниов ден. Очекувавте некои промени, но не се надевавте дека ќе се случат толку брзо и со толкав интензитет. Ќе бидете задоволни и ќе почнете да правите планови за иднината со саканата личност.

Стрелец

Ако денес имате обврски, или ќе ги одложите или ќе ги завршите на брзина. Повеќе ќе бидете фокусирани на емотивниот план, но и за секаков вид уживања. Можни се и планови за кратки патувања. Едноставно кажано, ова ќе ви биде еден возбудлив бурен и прекрасен ден.

Јарец

Денес кај вас се можни блиски собири со семејството или пријателите. Денот ќе ви биде добар и во емотивен сегмент, затоа што може да ви донесе едно прекрасно познанство со личност која ќе ве освои со својата духовитост и индивидуалност.

Водолија

Денес ќе бидете постојано во движење и може да ви се отворат шанси за краток деловен пат кој добро би ви се исплатил. Ве чека добар ден каде што ќе се чувствувате исполнети и тоа чувство ќе ве држи до самиот крај на денот.

Риби

Денес ќе имате желба да заминете некаде на патување, а можеби пак ќе се одлучите и за шопинг или кафе со вашите колеги после работа. Малку повеќе ќе трошите пари, но ќе бидете добро расположени зашто финансискиот сегмент ви е стабилен. Ќе ја подобрите ситуацијата со саканата личност.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button