Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Еве како ќе ви започне оваа работна недела

Реклама

Еве што ви предвидуваат ѕвездите за денешниов ден…

Овен

Личноста која ви е деловно важна е подготвена да се сретне со вас и да ги слушне вашите предлози. Ова е одличен момент да го презентирате она што ви е важно и да побарате поддршка. Излезете со вашиот партнер – сега е добро време да разговарате за важните работи во животот.

Бик

Денес ќе имате одлична комуникација со вашите соработници. Добро ќе се разбирате и еден со друг ќе си помагате. Добар ден за нови љубовни познанства, па затоа во попладневните часови излезете со вашите пријатели на кафе или пијачка.

Маркетинг

Близнаци

Денес може да очекувате некој позитивен одговор во врска со некое прашање кое ви е одамна важно. Некои промени кои се случуваат на работното место, целосно ќе ви одговараат. Покажувате заинтересираност кон некоја личност, а оние кои се во врска ова е добар ден за отворено разговарање.

Рак

Денес лесно ќе ги решавате кои било проблеми во комуникацијата. Подготвени сте да се прилагодите на соговорникот, како и тој на вас. Исто така овој ден искористете го за отворено зборување и договарање со вашиот партнер. Решете некои прашања кои одамна ве мачат.

Маркетинг

Лав

Ова е вистински момент за да решите некои прашања, но мора да прифатите компромис. Другата страна е подготвена да се прилагоди на вас, а и вие ќе мора да го направите истото. Денес може да остварите интересни контакти и тоа преку работата, или пак со други очи ќе почнете да ги гледате вашите колеги и соработници.

Девица

Денес бидете подготвени на жестока работа, затоа што надредените ќе ве набљудуваат. Ова не значи дека не ви веруваат, туку сакаат да видат како се снаоѓате во новите околности. Ако сакате да напредувате – денес имате шанса да се докажете. Емотивно складен ден со вашиот партнер.

Скорпија

Денес можно е да ве изнервираат повеќе личности, но бидејќи нема да сакате да се карате, ќе одлучите да се повлечете во себе. Малку е веројатно и дека вашиот партнер ќе успее да допре до вас. Потребно ви е малку време за добро да размислите околу некои работи.

Стрелец

Денес најголемо задоволство може да ви донесе работата. Една личност може да ви помогне околу некои важни прашања и да го остварите зацртаното. Во љубовниот сегмент ќе посегнете по некоја личност која веќе ја познавате од порано. Ве очекува интересна комуникација, а можеби и средба.

Јарец

Денес не убедувајте никој ништо, зашто можете да бидете сфатени погрешно. Ваше е само да предложите, па оставете другата страна да размисли дали тоа е во ред или не. На емотивен план ќе имате добра комуникација и разбирање.

Водолија

Денес е одличен ден за финансиски приливи. Едноставно, парите ве сакаат, па вие може да склопите и некој договор кој ќе ви даде стабилност и на подолг рок. Потребно е да разговарате за некои прашања со саканата личност, или за промени во вашиот однос. Добро ќе се разбирате во секој поглед.

Риби

Денес бидете максимално одговорни кој една обврска која ја имате преземено. Соработниците ќе очекуваат резултати од вас, па вие обидете се да се прикажете во најдобро светло. Што се однесува до вашиот партнер, страстта ставете ја на прво место.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button