Реклама
Култура[тор]

„Дилер“ ( ’96)

Реклама

Сценарио: Jens Dahl и Nicolas Winding Refn
Режија: Nicolas Winding Refn
Улоги: Kim Bodnia, Zlatko Buric, Laura Drasbaek, Slavko Lazovic, Mads Mikkelsen

Маркетинг

Филмот „Дилер“ на данскиот режисер Nicolas Winding Refn, е вешт склоп на умерен суспенс, акција и психолошки момент, сето тоа преточено во препознатливиот карактер на нордискиот стил на филмување. Станува збор за социолошка тема, чие јадро го содржи криминална структура, типична за сите европски простори, вклучувајќи го и нашиот – балкански и македонски. До толку повеќе и што добар дел од ликовите во филмот се од овие простори, поточно емигранти од Србија и Босна, кои се длабоко канализирани во патот и дистрибуцијата на дрога во Данска. Режисерот ни дава една сурова слика за животот на улиците на Copenhagen, со доза на сугестивност, но и објективно приближувајќи ни го целото дејствие на наша кожа. Реалноста и приземјеноста, скоро да може да се допрат, од првиот до последниот кадар на филмот.

alt

Маркетинг

Главниот лик е Frank, кој е дилер и околу него се врти целата сторија во филмот. Поточно, даден е приказ на една недела од неговиот живот, во која се почнува тривијално и без возбуди, односно моменти типични за живот на личност од тој тип на занимање. Но се разбира, работите не можат да течат глатко кога човек е опкружен со полиција, кодоши мотивирани од ниски побуди и други дилери, кои не можат да си дозволат да бидат сентиментални.

Frank бива наместен, па уапсен, но благодарение на вештината која ја здобил со искуството во бизнисот, успева да се ослободи од Хероинот, пред да биде и практично совладан од инспекторите. Така успева да не заврши во затвор, но му се појавува уште поголем проблем бидејќи останува должен голема сума на пари, на луѓето со кои работи. Тогаш почнуваат вистинските проблеми и сплетки, со што и самиот филм добива подинамична нота, која без да престане и на момент, не држи во возбуда до самиот крај.

alt

Покрај неговиот компањон Tonny, личност која е присутна во животот на Frank е Vic, со која исто така има работно – деловен однос, чувајќи ја робата за продавање во нејзиниот стан. Сепак, иако тој не сака ни самиот себе да си признае, релацијата со Vic е покомплексна. И повеќе од јасно е дека тој има и некакви чувства кон нејзе, но самиот ги трансформира во одреден презир, поради природата на нејзината работа. Имено, таа е „шампањ девојка“, односно работи како егзотична танчарка во бар и сексуално задоволува муштерии со длабок џеб. Токму тоа е причината поради која Frank не си дозволува себе си да има некаква интимна врска со Vic и свесно надградува некој аверзичен однос кон неа, кој ќе го смени на крајот, но само од егоистични причини, кога ќе биде приклештен од незавидната ситуација и остане сосема сам. Но токму таквиот однос кон нејзе ќе биде и „капак“ на агонијата која ќе зоврие до точка на безизлез. Или сепак и покрај сé, нешто може да се стори?

alt

Токму на такво место режисерот го завршува филмот, оставајќи не нас, гледачите да дојдеме до свој заклучок и да избереме опција, за која мислиме дека е логична и разумна во целиот тој хаос. Тоа е извонредно избран крај во филм со карактер кој допира до сите нас поединечно и не става на местото на главниот анти – јунак.

Филмот цело време дише на чисто европски начин и стил на изразување, без ни најмалку комерцијализирање и „уфрлање“ на некои фантазми, типични за сите видови американски филмови од овој тип. Затоа за љубителите на европскиот филм, ова ќе бидат уште едни сто минути на артистичко уживање.    

{youtube}GoNLMsLsTvs{/youtube}

Поврзано

Back to top button