Тајните за добар изглед на холивудските ѕвезди

Како славните личности ја одржуваат линијата и постојано изгледаат убаво и стегнато? Да ѕирнеме во нивните тајни …

 Гвинет Палтроу 

ADVERTISEMENT

ADVERTISEMENT

Ако имате мали деца и ако дојадувате се што ќе остане од нивниот оброк, или пак ако јадете заедно со нив, „едно на тебе, едно на мене“, тешко дека ќе имате тенка половина. Гвинет не им ја забранува омилената храна на своите деца, им дозволува да јадат благо, само се труди тоа да биде здрава варијанта, како на пример десерти со нискокалорочен крем, суво грозје, замрзнато овошје, или пак овошни шејкови.

 Кејт Хадсон 

ADVERTISEMENT

Кејт ја постигна својата совршена линија со одличен план за исхрана кој вклучува многу суши и органска храна. Таблоидите многу ја критикуваа поради килограмите што ги натрупа во бременоста. Но, упорната Кејт се зафатила со вежбање, внимавала на исхраната, и килограмите едноставно исчезнале. „Сега немам никакви проблеми во врска со моето тело. Немам време во животот да се грижам за тоа!“, вели симпатичната Кејт.

 Мерил Стрип 

Оваа легендарна актерка признава дека морала да се стави на мака за да ја одигра арогантната помодарка во „Ѓаволот носи Прада“. Едноставно морала да влезе во сите тие парчиња облека од високата мода, така што морала да се стави на диета. Нејзината тајна? „Тргнете го настрана шишето вино по првата чаша. Така направив јас за Прада.“

 Ријана 

Познатата пејачка вели дека треба да се обидуваме да се храниме здраво и да ја посетуваме теретаната за да се чувствуваме подобро, а не да ослабнеме. Ако гледате на работите на овој начин, ќе имате поголем успех. Нејзината диета вклучува зеленчук, белка од јајце, и овошје, и тони вода. Таа тврди дека јаглените хидрати се непријателот!

 Деми Мур 

Жените во своите четириесети имаат поголема веројатност да сакаат јаглени хидрати и масти поради падот на нивото на естроген. Но желбата за благо може да нападне било кога. Тајната на Деми Мур е во тоа што ја задоволува желбата за благо со парчиња јаболко со путер од кикиритки. Ваквата ужинка нема да ви ја наруши диетата.

 Џенифер Гарнер 

Џенифер Гарнер купува свежи органски производи на локалниот пазар. Таа вели дека и биле потребни шест месеци да ослабне по бременоста и породувањето. Не чувствувала притисок дека мора да ослабне веднаш, едноставно уживала во мајчинството. Еден ден решила дека треба да намали со храната, се откажала од ѓевреците и кроасаните, и повторно преминала на салати во комбинација со протеини. Сепак, не може да одолее на малку чоколада, секој ден. „Поентата е дека сте свесни дека ако претерате, ќе ги вратите килограмите. А секако не сакате да бидете истоштена мајка која не јаде ништо!“

 Алиша Силверстоун 

Оваа девојка порано беше критикувана што не е слаба како прачка, но сега Алиша нема никакви проблеми со тежината бидејќи е вегетаријанка! Таа вели дека ако сакате да ослабите треба да се фокусирате на сопственото здравје. Воопшто не треба да се чувствувате како да сте на диета, ако јадете здрава, растителна храна. Нејзините совети? „Треба да јадете повеќе кељ и блитва, бидејќи прават чуда. Погледнете ја мојата кожа! Се што треба да направите е да јадете храна базирана на интегрални житарки и овошје и зеленчук. Консултирајте се со стручни лица за едноставна вегетаријанска диета.“

 Бијонсе 

Според Бијонсе и Џенифер Лопез нема да се чувствувате толку гладни ако пиете многу вода. Веќе чуено? Угледајте се на ѕвездата и внесувајте повеќе вода, на кој било начин. На пример, направете пилешка супа или супа од зеленчук и јадете почесто од неа. Ќе внесете многу вода, а многу малку калории!

 Шерон Стоун 

Се чудите како Шерон Стоун може да изгледа толку прекрасно на 50 години? За ужинка таа јаде на пример модри сливи кои според д-р маошинг Ни, најславниот доктор во Холивуд за кинеска медицина и познато име во борбата против стареењето, не само што содржат витамин Е кој се бори против брчките, туку исто така ја спречуваат подуеноста на стомакот и делуваат како природен лаксатив.

Facebook Comments
(Visited 11 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT