Диети

„Нежната диета“ на Алиша Силверстон (3 рецепти за здравје и виталност)

Реклама
Реклама

Како да загубите килограми, да го прочистите тенот и бидете исполнети со енергија?

aliciadieta1

Маркетинг

Одговорите на овие прашање ќе ги откриете сами, ако ја пробате „Нежната диета“, која ја има смислено актерката Алиша Силверстон. Некогашната јунакиња на тинејџерските филмови, денес е самосвесна жена која се бави со промовирање на вегетаријанство и стил на живот во склад со природата. Ние за вас издвоивме четири интересни рецепти од нејзината книга „Нежна диета: едноставен водич“, како би ве увериле дека едноставната храна може и тоа како да биде вкусна.

Кога почувствувала дека здравствените проблеми и се наталожуваат, кога веќе не знаела како да се носи со тешката форма на астма, хроничната несоница, лошата работа на цревата и се полошиот тен, Алиша Силверстон (33) драстично го сменила начинот на живеење. 

aliciadieta3За своето ’преобразувае‘ таа ја напиша книгата „Нежна диета: едноставен водич“ и сега наместо со глума се бави со здрав начин на живеење, предавања и борба за права на животните. Таа вели дека не е пресудно да се биде вегетаријанец за да се живее здраво, туку најважно е да се консумира висококвалитетна храна, припремена со љубов, со многу зеленчук, овошје, семки, тврдо овошје и житарици. 

Маркетинг

Престанав да јадам месо и крофни и мојот живот се подобри. Брзо забележав напредок, па се решив да станам вегетаријанец“, вели Алиша, која веќе 11 години не јаде намириници од животинско потекло. Забележала дека ú ги снемало пегите по ноктите, косата и станала погуста и појака, сонот редовен, а очите помалку и поретко ú отекувале. Сепак, признава дека нејзиниот пат кон здрав живот не бил едноставен. Било напорно, но во тоа добила помош од љубовта кон животните која ја носи во себе уште од детството.    

Кога имав осум години, мојот брат започна да прави грозни звуци, имитирајќи животни и тоа додека јадев. Се шегуваше за тоа дека јадам животни и тоа беше толку грозно, па се решив да станам вегетаријанец. Потоа се откажав од таа идеја затоа што мајка ми не ми дозволуваше. Ми рече дека сега сум мала и дека кога ќе пораснам, можам сама да решам за тоа.“, раскажува Алиша во својата книга.

Покасно, кога имала 21 година гледала некој суров документарец за измачување на животни и тогаш ставила точка околу ова прашање и на нејзиниот стил на живот. 

Колкаво е интересирањето за нејзините рецепти без месо, јајца и млечни производи, говори и податокот дека набргу после објавувањето на книгата, направи и сопствен сајт. Овде, освен кулинарските содржини, можат да се пронајдат и совети за убавина, здравје и уредување на домот, во кои се „препорачува како во стресно време да бидете добри со себе и светот кој што ве опкружува“.

aliciadieta2

Мојата цел е сите драгоцени тајни кои ги открив на овој пат кон здрав и квалитетен живот, да ги споделам со сите кои си посакуваат добро на самите себе – порачува Алиша. 

Прочитајте ги рецептите кои ги препорачува холивудската актерка:

Чоко Мафни

aliciadieta4

Потребни состојки: Чаша незасладуван сок од јаболка, лажица масло од репа, 2 лажички екстракт од ванила, 3/4 шолја бело пченкарно брашно (од цело зрно), 1/3  шолја назсладувано какао, 2 лажички прашок за пециво, ½ лажица сода бикарбона, ½ лажица сол, ½ лажица мелен цимет, ½ шолја вегетаријанскo чоколадо.

Подготовка: Припремете го садот за мафни, загрејте ја рерната на 200 степени. Помешајте го сокот од јаболка, маслото од репка, екстрактот од ванила, а во посебен сад измешајте ги ’сувите‘ состојки. Потоа соединете ги двете групи намирници. Смесата расподелете ја во садот за мафни и печете ја околу 25 минути. Кога ќе ги извадите од рерната, почекајте 10 минути, па потоа послужете ги.  

Колач со прелив од сок од лимон

aliciadieta5

Потребни состојки: Шолја ореви, пакување домашни галети, ½ шолја сируп од магданос, сок од пола лимон.

Подготовка: Запржете ги оревите на тафлонско тавче, а кога ќе се изладат, исечкајте ги. Во садот за колачи загрејте ги купените галети. На пареа гответе го сирупот од магданос, 3 лажици вода и сокот од лимон, а потоа додајте ги оревите. Кога масата ќе биде готова, прелијте ја преку галетите. Најдобро е да ги служите додека се топли и крцкави. 

Тестенини (паста) Формијана

Потребни состојки: Едно пакување тестенини, една конзерва сос од домати, еден чешњак лук – грубо исечен, 200 грама пена за паста, ¼ шолја масло од маслинки, ¼ шолја сушено оригано, 2 лажички морска сол, ½ лажица свежо измелен црн пипер, 4 – 5 доста зрели и свежи домати.

Подготовка: Загрејте ја рерната и садот во кој ќе го печете јадењето. Во блендер сипете го сосот од домати и лукот. Миксов пресипете го во чинија од средна величина, додајте ја незготвената паста, прелијте ја со маслиново масло, зачинете ја со оригано, босилок, сол и црн пипер. Промешајте ги сите состојки додека не се соединат. На дното и по краевите од садот или плехот во кој ќе се пече јадењето, поредете парчиња од свежиот домат. Посипете ја одозгора пастата, а на крајот сето тоа повторно наредете го со парчиња свеж домат. Посипете малку маслиново масло и печете го околу еден час на средна температура.    

aliciadieta6

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button