Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за диетални палачинки за кои ви требаат САМО 3 состојки

Реклама

Палачинките се омилен десерт на многумина ширум светот. Но, нажалост, не се баш здрава храна, па затоа и повеќето се откажуваат од нив. А добрата вест е што постои нискокалорична верзија на овој омилен десерт.

ФОТО: Profimedia

Се подготвуваат од само три состојки, меки се, лесни, немаат многу маснотии, а се богати со белковини. Па, овие палачинки се идеални за оние кои сакаат да ослабнат, или се на посебен режим на исхрана или пак едноставно водат сметка за тоа како се хранат.

Потребни состојки:

  • Половина чаша овесни снегулки
  • Половина чаша свежо сирење
  • 2 јајца

Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер, па мешајте додека не добиете хомогена смеса. На тефлонска тавичка загрејте малку кокосово или сончогледово масло, па на среден оган испечете мали палачинки. Служете со додатоци по желба – мед, јаворов сируп, свежо овошје, јогурт, темно чоколадо…

Маркетинг

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button