Диети

Диета за мажи

Реклама
Реклама

Мажите имаат побрз метаболизам од жените и помала склоност за складирање на масти, така што би требало побрзо да слабеат. Барем на прв поглед.

Маркетинг

Но, на втор поглед, работите се малку посложени. Главниот проблем е во тоа што кај мажите постои тенденција мастите да се акумулираат во пределот на стомакот, при што добиваат тело во форма на јаболко. И малку зголемениот стомак претставува ризик за здравјето, додека големиот пивски стомак укажува на поголем ризик за добивање на болести поврзани со прекумерна тежина како болести на срцето, дијабетис и висок крвен притисок.

Мажите најчесто не сакаат да држат диети бидејќи тоа им изгледа како женска работа. Освен некои универзални и најчесто медицински диети, поголемиот број на диети се навистина осмислени за жени и не им одговараат на мажите на кои им требаат поголем број на калории. Тие можат успешно да се ослободат од вишокот килограми и ако јадат „вистински“ оброци и се чувствуваат сити иако се на диета.

Значи, најдобрата диета за мажи е да не држат никаква вистинска диета. Се што е потребно да ослабите се мали промени во исхраната, пиењето и физичките активности, при што акцентот треба да се стави на здравата храна и грижата за здравјето.

Маркетинг

Совети за мажите што сакаат да ослабат

1. Jадете помали оброци на секои 2-3 часа, во вкупен број од пет до осум помали оброци дневно, секој ден.
2. Со секој оброк внесувајте „посни“ протеини како јунешко месо, пилешко, риба, јајца.
3. Јадете овошје или зеленчук, или и двете, со секој оброк.
4. Скоро целиот внес на јаглени хидрати треба да се заснова на овошје и зеленчук.
5. Најмалку 25 отсто од калориите што ги внесувате треба да доаѓаат од масни извори, вклучувајќи и животински масти и масла (ленено, рибино, кокосово и маслиново).
6. Пијте само пијалоци кои содржат нула калории како минерална вода, растителни чаеви, зелен чај, кафе и т.н.
7. Немојте да пиете пиво, газирани, засладени сокови и алкохолни пијалоци.

Диетата може да биде заснована на внесување на помалку калории односно на ограничени количини на храна што на мажите генерално не им одговара или пак на ограничување на некои видови храна како што се протеинските диети. Овие диети се покажале како прилично ефикасни кај мажите. Количината на храна која се внесува не е ограничена, но забрането е да се внесуваат јаглени хидрати. Според тоа, исхраната треба да се состои исклучително од месо, јајца, млечни производи, соја и печурки. Воопшто не се јадат леб и бели пецива, тестенини, овошје, зеленчук и сл. Со ваквите диети мажите прилично брзо слабеат, но тие не се баш најздрави, па така се појавија и некои изменети верзии на високопротеинските диети како што е познатата Аткинсонова диета или малко поусовршената и поздрава Дуканова диета. Ограничениот внес на сите потребни хранливи материи на овие диети може донекаде да се ублажи со внесување на мултивитамински препарати додека сте на диета. Сепак, кога ќе се постигне саканата тежина, што може да биде многу брзо, пак ќе треба да направите одредени мали промени во исхраната и физичките активности за да ја одржувате тежината.

Многу е важно да се јадат повеќе помали оброци отколку три големи. Кога внесете поголема количина на храна а потоа легнете или седите организмот го складира непотребниот вишок на енергија како резерва во форма на сало. Немојте да вечерате пред спиење. Вежбајте за да ја одржувате мускулната маса бидејќи со текот на годините количината на мускули во телото се намалува за сметка на мастите. Мускулите се најголем потрошувач на енергија во телото и нивното одржување е најдобра превенција против здебелување. Вежбајте за сите групи на мускули бидејќи ако работите само на пример на мускулите на стомакот тоа ќе нема скоро никаков ефект на салото на стомакот. Стомакот ќе се намали само со намалување на вкупните масти во организмот. Кога ќе го изгубите вишокот килограми можете да се позанимавате со истакнувањето на стомачните мускули.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button