Диети

Диета за добар секс и витка става

Реклама
Реклама

Секс диета – листа со јадења кои ветуваат добар сексуален живот и витка става.

Маркетинг

Во намирниците кои ќе ве исполнат со енергија, ќе ви го закрепнат либидото и ќе ви овозможат подобар и посилен оргазам спаѓаат црешите, рибите, сувото овошје, ананасот, бадемите, чоколадото…

Според Андреј Крос, поранешен професор за исхрана на Универзитетот Колумбија, сласта што ја чувствувате додека ви се топи вкусната храна во уста и водењето љубов влијаат на исти рецептори во мозокот. Токму затоа доколку ви постават услов да изберете помеѓу некое превкусно чоколадно колаче и секс, нема да биде така лесно да донесете одлука!

Маркетинг

Од друга страна пак, науката е категорична дека мнгубројните митови за волшебните афродизијаци се невистинити, но сепак постојат некои намирници кои ќе ви дадат поголема енергија, а со тоа ќе влијаат позитивно на сите процеси во телото, па дури и на оргазмот. Па, доколку сакате да поминете жешка ноќ во спалната соба, тогаш уживајте во чоколадо, банана, суши, суво овошје или чаша црно вино.

Суво овошје

Сувото овошје брзо ја надоместува загубената енергија и го победува заморот. Сувото грозје, сувите смокви, кајсии и сливи се одличен извор на минералите калиум, магнезиум, калциум, цинк и железо, а и на витамините А, Б и Ц.

Лути пиперчиња

Овие мали ѓаволчиња содржат капсаицин што го засилува возбудувањето, т.е. потикнува низа реакции, од потење, забрзан ритам на срцето, до зацрвенување на образите.

Ананас

Ананасот е богат со витамин Ц па затоа се употребува и во хомеопатските терапии за лечење на импотенцијата. Доколку го измешате со рум, ќе добиете волшебна напивка,  совршена за вечерните страсти.

Суши

Во минатото се верувало дека сушито делува како афродизијак. Зачинетиот оброк во моментот ќе ви го зачини романтичниот живот. Парчињата во кои има чили, содржат капсаицин, кој, како што кажавме претходно, го зголемува возбудувањето.

Црно вино

Виното ја подобрува романтичната предигра. Покрај тоа опушта, го зголемува нивното на естроген и помага во стимулација на сетилата и влијае на циркулацијата за време на сексот. Задржете го неговиот вкус на усните и вашиот бакнеж ќе биде волшебен.

Шипка

Научниците потврдија дека ова здраво црвено овошје е богато со полифенол, антиоксиданс што овозможува подобар проток на крвта, што е една од клучните компоненти за добар секс.

Бадеми

Бадемите со векови се славени како симбол на плодноста бидејќи се сметало дека нивната специфична арома ја поттикнува страста кај жените.

Чоколадо

Ацтеките го нарекуваа храна на боговите. Чоколадото содржи повеќе антиоксиданси од црвеното вино, но тајниот рецепт за страст е комбинација на темно чоколадо и Каберне.

Банана

Доколку имате треме пред состанокот, тогаш изедете банана која што ќе ви го поправи расположението. Бананата содржи калиум што ја засилува мускулната сила и е многу важен за добар оргазам.

Кафе

Кофеинот е стимуланс за умот и телото, т.е. кафето е совршено за сите што сакаат жешки игри цела вечер, до раните утрински часови. Оние што пијат кафе имаат подобар и побурен сексуален живот од оние што не пијат.

Риба

Рибите како лосос и скуша се богати со Омега 3 масни киселини, и го потикнуваат лачењето на полови хормони. Туната содржи селен кој делува на зголемување на количеството сперма.

Цреши

Во овој афродизијак уживаа и старите Грци и Римјани. Во минатото црешите се користеле и како афродизијак и како аналгетик. Ја прочистуваат крвта, ја зголемуваат енергијата, а особено силно влијаат на жените. Освен тоа, една цреша има само четири калории!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button