Најстрашниот дел од секоја диета е гладувањето. Но, со оваа диета не треба многу да гладувате, туку на брз и здрав начин ќе ги намалите непосакуваните килограми.
Почнете го денот со чаша топла вода каде што ќе исцадите еден лимон, а во наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токини. Сите знаеме дека појадокот е најважен, па затоа не треба да го прескокнувате.
Еве што може да јадете за појадок:
- варено јајце
- овес или житарки со млеко
- овошје
За ручек изберете протеини и свежа салата, како на пример пилешко, мисиркино или телешко месо, печена риба, туна, супа од спанаќ.
Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.