Можеби некогаш повторно ќе те пуштам во животот. Но, денес одлучив да престанам да те чекам
Никогаш не мислев дека ќе дојде ден кога ќе бидам сигурна дека сакам да си заминам од тебе.
Никогаш не мислев дека ќе дојде ден кога ќе бидам сигурна дека сакам да си заминам од тебе. Самата си зборував дека ќе чекам, дека еден ден ќе се вратиш и дека ќе продолжиме од таму каде што сме застанале. Овие денови повеќе не си ми во мислите како порано.
Болката поради која не можев да станам, повеќе ја нема. Кога ми рече дека се надеваш дека можеме да бидеме пријатели, длабоко во себе знаев дека секогаш ќе сакам нешто повеќе ако останеш во мојот живот. Сега мислам дека можам да се откажам и дека заслужувам да имам некој кој ќе се труди да остане.
Иако во тебе се заљубив на сосема поинаков начин, сега можам да ти кажам дека најдобро е да продолжам со својот живот. И да заминам од тебе. Ти си сон кој веќе ми се оствари. Т покажа дека постојат луѓе кои го гледаат светот како јас, кои слушаат и сакаат како да не постои утре. Ти ми ги отвори очите за еден сосема поинаков свет, позитивен и полн со задоволство. Благодарејќи на тебе, повторно почнав да го ценам времето. Ти беше моето чудо кога бавно почнав а се откажувам. Беше во право кога рече дека треба да бидам благодарна.
Се надевам дека ќе ми поверуваш iи ти благодарам што направи повторно да се почувствувам целосна. А сега заминувам од тебе. Знам дека си среќен каде и да си, секогаш беше таква личност. Се надевам дека наскоро и јас ќе живеам среќен живот. Ако некогаш случајно се сретнеме или ми затропаш на врата, можеби ќе одлучам повторно да те пуштам во животот.
Но, дeнес одлучив да престанам да те чекам…