Реклама
Наши ѕвезди

Александар ја запpoси неодамна, делуваа среќни – сега пејачката од Гранд ги избриша сите негови слики од Инстаграм

Реклама

Еден гест на Вања Мијатовиќ предизвика лавина коментари на Инстаграм и воопшто не се пријатни, а се однесуваат на нејзината врска со вереникот Александар со кој наскоро ќе застане на лудиот камен.

Имено, пејачката неодамна ги избриша нивните заеднички фотографии на Инстаграм и тоа беше доволен повод чаршијата да почне да плете приказни дека повеќе не се заедно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ

– Се што ги интересира душeбpижниците за мене нека ме прашаат. Еве, сакаат да ме разделат, а зборуваат дека сум бремена. Сликите допрва ќе ги исповадам од Инстаграм зошто и онака ги имам премногу. Во мојот живот се е во најдобар ред, така што секој нека си ја гледа својата работа – рече пејачката за Курир.

Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ

Инаку, пејачката беше во емотивна врска со сопственик на фирма за уредување на станови со кого е пресреќна.

Маркетинг

Тие се запознале потполно случајно, и тоа додека тој и го уредувал станот. Имено, тие најпрво соработувале околу нејзиниот стан, а потоа отишле и на приватен состанок и ја започнале врската.

Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ

„Многу ми е убаво со него. Конечно покрај мене имам маж каков отсекогаш сум посакувала. Најмногу ми се допаѓа кај него начинот на кој се однесува кон мене, иако и тој има многу квалитети. Вистински џентлмен е, внимава на мене, се грижи за мене и мечува како вода на дланка. Секоја девојка би посакала таков маж“, изјави пред немолку месеци Вања за „Блиц супер ТВ“.

Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ
Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ
Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ
Фото: Инстаграм/Вања Мијатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button