Реклама
Рецепти

Деликатеси: шатка на медитерански начин

Реклама

Помеѓу ’сладокусците‘ и гурманите во целиот свет, шатката е омилена на сите начини – и како едноставна печеница, на пекиншки или пак на елегантен француски начин во сос од портокал. 

Според многумина гурмани со истенчен вкус, месото од шатката е највкусно од сите останати птици. Се вели дека секој човек треба да проба убаво зготвена шатка. И затоа ние ви презентираме еден од најпрочуените начини на припрема.

Маркетинг

 Подготовка: 

1. Измијте ја и исчистете ја шатката. Од внатре намачкајте ја со Вегета, а од надвор со сол. Ставете ја во тепсија, залијте ја со жешко масло, покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја на 220°C околу еден час.

Маркетинг

2. Во меѓувреме направете тесто за кнедли. Од брашно, јајца и малку сол и вода измешајте и направете тврдо тесто. Обликувајте ги кнедлите и гответе ги во жешка и солена вода околу 5 минути.

3. Извадете ја тепсијата со шатката, оттргнете го поголемиот дел од маснотијата и додајте ги исцедените кнедли, маслинки и снопче со зачинети билки. Налејте вињак и бело вино, а врз шатката ставете плочки од путер. Продолжете да печете без фолија на 200°C околу 15 минути, а потоа температурата намалете ја на 180°C, така да шатката се пече уште еден час. (Доколку е потребно температурата може да се намали и на 150°C). Во текот на печењето поливајте ја шатката со топла вода.

4. Извадете ја печената шатка. Врелиот сос од зеленчук згуснете го така што ќе му додадете Gussnel, разматен во малку вода.

alt

 Служење 

Печената шатка исечете ја и премачкајте ја со маслиново масло. Со неа послужете сос од зеленчук и кнедли.

 Совет 

По желба, со шатката можете да послужите и некој друг прилог – на пример палента, печен компир, сварени моркови…

 Мала тајна 

Начинот на печење е многу важен, а тоа е таканареченото печење со трпение. На почетокот температурата е висока, а потоа полека се пече на пониска температура.

 Состојки: 

Број на лица: 4

–    1 шатка (од околу 2 kg.)
–    50 ml. масло
–    800 грама палента
–    200 грама црни маслинки без семки
–    1 снопче зачинети билки (ловоров лист, целер, темјан)
–    2 чешниња лук
–    1 чаша вињак (50 ml.)
–    100 ml. бело вино
–    20 грама путер
–    2 кујнски лажици Gussnel Dolcela
–    50 ml. маслиново масло
–    1 кујнска лажица Вегета

За кнедлите:

–    250 грама пченично брашно, тип 400
–    1 јајце
–    Малку сол
–    100 ml. вода

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button