Огласи
Огласи 2
Рецепти

Деликатеси: лазањи Bolognese Light

Огласи 3

За сите љубители на тиквички!

Скоро да не постои човек кој не ја сака италијанската кујна, а оние пак кои се љубители на бели пецива и тестенини, едноставно не можат да им одолеат. А постои и уште една причина која може да ве мотивира да подготвите лазањи на вистински италијански начин како што е овој. Секогаш кога сакате да импресионирате драга личност, кон која имате и љубовен занес, со лазањите нема промашај! Тоа е испробана варијанта за која ние лично гарантираме.

 Подготовка: 

1.   Месото динстајте го без масло, потоа додајте ситно исечен лук, тиквичка, изрендајте морков и се заедно динстајте околу 15 минути. Во меѓувреме отворете го сосот од домати (или доматно пире) и помешајте го во густа смеса и гответе на тивок оган околу 20 минути. Кога сé ќе биде добро зготвено, додајте млеко и добро промешајте. Од готовата смеса наредете ги лазањите, на крајот изрендајте моцарела и сето заедно добро запечете го околу 40 минути.

2.  Ви останува само да ви посакаме добар апетит!

P.S. Овој рецепт може да се приготви и без месо, само со зеленчук!

alt

 Служење: 

Лазањите се служат најдобро додека се уште се топли (не жешки!), а по желба можете настрана како прилог да додете и пржени печурки или шампињони.

 Состојки: 

Број на лица 6

 Потребни состојки:
400 грама мелено месо (говедско, а може и мешано со свинско)
1 kg. доматен сос во конзерва
2 зелени тиквички.
1 морков
1 пакување лазањи.
2 моцарели (посни)
Сол, бибер, Вегета, малку пиперка,
малку шеќер. 200 ml. млеко
Лук по желба

Маркетинг

Поврзано

Back to top button