Култура[тор]
ДИПЛИМА во петок во Капан АН

Овој Петок (11 Мај) ќе се одржи првата забава на летната тераса во скопскиот клуб Капан Ан оваа година. Серијалите на ДИПЛИМА ја закружуваат зимската сезона и веруваме дека со истиот елан ќе ја продолжиме нашата музичка приказна и во летниот период.
На забавата покрај хостот Милескаја, и резидентот Стојче, ќе настапи и Александар Крстевски кој веќе се престави со свој диџејски сет на почетокот на сезоната.
Стојче Цветановски ќе ја искористи оваа забава да ја промовира својата последна плоча која ја издаде за неговата издавачка куќа ‘Tangible Assets’.
На забавата ќе има и Fire performance by Balance (Fuzzbubble Crew) & Spin. За видео артот е задолжен Ind.o.g.
Почеток во 21.00ч, влез – 100 мкд.
Врати се на првата страна.