Реклама
MAMAКафе муабет

Деца – мали суштества кои не’ учат на ГОЛЕМИ лекции

Реклама

Децата, тие толку мали и наивни суштества, не’ учат на многу големи животни лекции.

ФОТО: childteachingmother.com

Децата ни ја покажуваат чистата и искрена љубов. Тие не’ учат дека искреноста е најдобриот пат да се ослободиме од тежината, а не држењето лутина ни помага да живееме во моментот и да бидеме среќни. Децата секогаш се расположени за игра, никогаш не осудуваат ниту обвинуваат. Тие се полни со љубов и не ги кријат своите емоции.

Децата ни покажуваат дека не треба да гледаме во минатото и да ги обновуваме своите проблеми. За нив постои денешниот ден. Денес тие се среќни, не паметат зошто вчера изгубиле. Не се навраќаат на проблемите и секогаш се трудат да најдат нешто ново во денешницата.

Маркетинг

Децата не’ учат дека насмевката е најдобриот лек за да ги избришеме солзите. Тие ни покажуваат дека пријателите ни се потребни во животот, но дека навечер секогаш трчаме во прегратките на семејството. Децата ни покажуваат многу работи за кои ние возрасните не сме ни свесни. Потребно е само малку повеќе време да поминуваме со нив и повеќе време да обрнеме на нивното однесување и на нивното размислување. Децата во многу случаи не се само деца, туку се наш вистински показател во животот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button