Реклама
Новости

„Децата не можат да ме гушнат кога ќе се вратам дома“ – погледнете како изгледа еден ден на Тања која ги лекува заразените од корона

Реклама

Тања Селак е анестезиолог во болницата во Волонгонг, која се наоѓа на јужниот брег на Нов Јужен Велс, а од избувнувањето на епидемијата со новиот корона вирус, работата што вклучува екстремно близок контакт со пациентите кои се инфицирани од вирусот, стана многу опасна.

Во тешки случаи на КОВИД-19, кога пациентот не е во состојба да дише сам, таа го интубира, а ставањето цевка за дишење преку устата во белите дробови, исто така, му овозможува на вирусот да стигне во воздухот.

Маркетинг

И бидејќи анестезиологот при ваквата процедура мора да се наведне над пациентот, и е само неколку сантиметри е оддалечен од неговата уста, постои висок ризик од инфекција преку капки.

Докторката Селак носи маска и заштитна облека, но и покрај тоа таа понекогаш е во многу близок контакт со своите пациенти,

„Понекогаш мора да им ја отстраниме нивната маска за време на постапката, ги ставиме инструментите и прстите во устата, а лицата ни се блиски до нивните. Тоа е против правилата за социјална дистанца“ – вели д-р Селак.

Маркетинг

Затоа, применува превентивни мерки кои се надвор и од пропишаната лична заштита. Таа го чува својот мобилен телефон и најосновните работи во кесе за заклучување, повеќе не ја носи чантата кога оди на работа.

Од избувнувањето на епидемијата, нејзините три деца не можат само така да ја прегрнат кога ќе се врати дома.

Тие знаат дека треба да чекаат да ја соблече униформата за да ја измие одвоено од остатокот од облеката и да ги стави чевлите во кесе за повторно да ги облече кога ќе оди на работа. Таа на крајот оди да се истушира.

„Постојано ги имам во предвид едноставните работи што ни ги кажуваат лекарите задолжени за јавно здравје: социјално дистанцирање, миење на рацете и, се разбира, внимавам да не го допирам лицето“, вели таа.

Таа вели дека била изненадена кога заразата почнала да се шири.

Беше навистина ужасно, од секој поглед. Јас сум на Твитер и имам широка мрежа на контакти со целиот свет. Видов дека вирусот се шири во Кина, вклучително и во Италија, и видео снимки кои сведочат за здравствениот систем кој е немоќен да се справи со толку многу случаи, при што стотици пациенти се жртви на инфективната болест – вели д-р Селак.

Таа го виде медицинските лица исцрпени и фрустрирани додека се обидуваат да се справат со опасниот вирус, но податоците од последните неколку недели придонесоа барем малку да го врати оптимизмот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button