Dave’s Kitchen: „Со правилна комбинација на едноставните вкусови може да се дојде до инзворедни рецепти“

 

Давор Панчевски уште познат и како Dave’s Kitchen е млад вљубеник во готвењето. Почнал да готви уште од најрана возраст, по професија е дипломиран маркетар, но готвењето е неговата пасија. На неговата Фејсбук страница ќе најдете најразлични вкусни рецепти кои може да ги направите за секоја пригода, а сигурно ќе примените и некои од советите на Давор во продолжение од интервјуто…

Како почна Давор да готви?

Уште кога бев петто одделение јас бев задолжениот за подготовка на десертот. Првиот рецепт што постојано го подготвував беа палачинки. Со крем и сечкани лешници или пак ореви и мед, успеав да научам да ги правам највкусните домашни палачинки! Со вас ќе ја споделам и тајната состојка – путер.

Кои се триковите за вкусни јадења?

Со текот на годините, приготвувајќи најразлични рецепти, со сигурност можам да кажам дека успешноста да се подготви вкусно јадење е користењето на природни и едноставни состојки. Со правилна комбинација на едноставните вкусови може да се дојде до инзворедни рецепти.

Што може да се подготви на брзина за околу 10- тина минути?

Постојат многу рецепти кои можат да се подготват за околу 10-тина минути. Започнувајќи од чоколадни или ванила мафини, егзотични торти без печење или пак едноставни солени стартери подготвени од лиснато тесто, секако не сметајќи го времето за печење или ладење на истите.

Како се станува добар готвач?

Верувам и убеден сум дека доколку секоја работа се работи со голема љубов, успехот е сигурен. Мојот совет до сите читатели е едноставен – бидете одлични во она што го работите и бидете најдобрата верзија од себе си.

Имаш објавено две прекрасни книги со рецепти, може ли публиката да очекуа и третта книга?

„Гответе насмеани“ е книга која ја препорачувам на секој почетник во готвењето. Првиот готвач доживеа и второ издание, а јас сеуште добивам пораки од луѓе, кои научиле како да подготват не само вкусни туку и рецепти кои имаат одлична презентација. Додека пак во мојот втор готвач „Најдоброто од Македонската кујна“ успеав да направам една селекција од 125 Македонски рецепти, подготвени и присопособени кон модерниот брз начин на живот. Овој готвач е издаден на Макeдонски и Англиски јазик. Со оглед на тоа што периодов работам на „разработување“ на мојот YouTube канал и споделување на видео рецепти, третиот готвач ќе почека барем уште две три години.

Кој е твојот омилен рецепт?

Не би можел да се одлучам за еден.. но кога би морал да одберам – чоколадна мус торта.

(Visited 321 times, 1 visits today)