Реклама
Интервју

Дани Ѓуровска: „Винтиџ облеката за мене секогаш ќе биде вистинско богатство, така облечена се чувствувам своја“

Реклама

Интервју со идната дизајнерка и модна блогерка Дани Ѓуровска

Поразговаравме со идната дизајнерка и модна блогерка Дани Ѓуровска која со своите креации и модни комбинации им се вовлече под кожата на бројни љубителки на модата во Македонија. Нејзините парчиња се препознатливи по уникатниот принт на самиот текстил и се одликуваат со софистицирана и строго женствена естетика кои од друга страна многу лесно можат да се вклопат во секој стилски израз. Со Дани поразговаравме за нејзините први контакти со модата, за нејзините омилени парчиња во плакарите, за трендовите, но и за новата Absolute Me кампања на B.U. која во моментот е актуелна на социјалните мрежи и во која можете да се вклучите и вие и да освоите некој од многуте кул подароци кои можете да ги видите тука.

Маркетинг

Кои се твоите први контакти со модата?

Не можам да кажам дека отсекогаш знаев дека сакам да бидам дизајнер или дека би имала моден блог. Иако е “клише” муабет уште од најрана возраст секогаш сакав да комбинирам облека од плакарот на мојата баба. Винтиџ облека која за мене секогаш ќе биде вистиско богатство, така облечена се чувствувам своја. Би рекла дека преминот од средно училиште на факултет беа клучни да се решам дека сакам да сум во модниот свет, како преку блогот така и преку изборот да судирам дизајн и инженеринг на облеката.

Маркетинг

STREET STYLE

Ова е една од омилените street style комбинации на Дани – фустан, тексас јакна и голема чанта во која ќе ви собере се што е потребно (сите три парчиња се од Tom Tailor)), патики од LC Waikiki и шешир од H&M.

Три збора со кои најдобро би го опишала твојот стил?

Always be unique.

Сако Tom Tailor, панталони Koton, кондури Koton, блуза LC Waikiki,
модни додатоци (ракавици, очила и чанта) Duki Daso

Твојот омилен хаштаг кога објавуваш модни фотографии?

#fashionista

Твојот омилена модна блогерка на Инстаграм?

@chiaraferragni, @realfashionist

BUISINESS MEETING

Ова е втората комбинација според изборот на Дани наменета за деловни пригоди. Таа на оваа фотографија носи шик панталони, кошула и блуза од Carpis со интересен дезен во комбинација со високи потпетици во жолта боја

Како според тебе треба да изгледа една современа деловна жена?

Секоја жена пред се треба да знае што најдобро и прилега. “Ме лути” фактот што кај нас луѓето многу често слепо им веруваат на модните трендови. Не секогаш она парче кое е најактуелно му прилега на секој. За една современа жена немам слика дека треба да е секогаш во касична бела кошула, црни панталони и потпетици. Напротив она што нејзе ќе ја направи да се чувствува удобно и самоуверено. Истата би рекла дека треба да секогаш да е во своето најдобро светло, од баба ми научив дека ни до најблиската продавница не се оди несреден, и тоа го применувам, не заради луѓето туку поради самата себе.

Сако и кошула Bella, фармерки local store, штикли Il cammino

Средената коса, шминка која е соодветна во зависност од пригодата, добра кондура и пристоен аутфит е нешто што секоја жена треба да го практикува.

Што мислиш дали нашите девојки ги следат трендовите?

Како што напоменав во претходното прашање, да, ги следат до степен да некои ми изгледаат униформирано што до негде и не ми се допаѓа.

Секако ме радува фактот што урбаниот стил и уникатноста од друга страна се се повеќе застапени, и овие две работи си пркосат една на друга, но во секој случај девојките се повеќе се средени од глава до пети без разлика дали истите “слепо” им веруваат на трендовите или немаат потреба од “диктирање” за тоа како ќе бидат облечени.

Омилено парче во твоите плакари?

Да издвојам едно не би можела, сите парчиња од плакарот на мојата баба ми се омилени, и секако оние кои сама ги имам дизајнирано, тие имаат посебно место во мојот гардеробер.

Фото: Никола Анчевски

Омилен модел од сите твои досегашни креации?

Она парче кое го изработив прво за минатогодишната ревија на факултет. Тоа остави печат на сите парчиња кои беа дел од колекцијата како за таа така и онаа која беше во склоп на Модниот викенд во Скопје.

Високи потпетици или рамни обувки?

Иако би сакала да бидам Carrie Bradshaw и да би можела целиот град да го поминувам во високи потпетици хаха…секогаш би избрала рамни обувки, ќе бидам искрена и ќе кажам дека ги имам многу повеќе отколку високи потпетици. Ако имам црна салонка пред мене и оксфордки ја секако би одбрала оксфордките.

WEEKEND WEAR

Опуштено викенд издание на Дани …

Фустан или фармерки?

Фармерки, секогаш се чувствувам поудобно во панталони.

Омилен козметички производ во твојот несесер?

Карминот, не излегувам од дома без него, последните неколку месеци омилен ми е long lasting kiss proof Golden Rose 03.

Диета или вежбање?

Вежбање секогаш, но периодов многу слабо го практикувам. Диета не сум држела никогаш и не планирам, пред 5 години сменив некои работи во исхраната и до ден денес се држам до најголем дел од нив и тоа ми помага да можам да си дозволам да не внимавам многу кога и колку јадам.

Омилено место за шопинг во Скопје?

Искрено многу почесто наоѓам парчиња во некои локални продавници отколку пример Skopje city mall баш поради таа причина што секоја втора девојка ги носи. Но сепак не морам да кажам дека и во мојот плакар завршуваат голем дел од трендовските парчиња на сезоната.

NIGHT ON THE TOWN

Монохроматско издание на Дани – панталони и кошула од Marsin во комбинација со шик високи потпетици и ланче од Emi Noris …

А омилено место за излегување?

Немам омилено место најбитно ми е со кој сум во моментот и каква енергија има меѓу нас, но кога би морала да кажам, Coffee factory e место каде многу често го пијам своето espresso.

Дали купуваш преку интернет и која е твојата омилена интернет продавница?

Порано практикував повеќе во последно време не, ASOS е една од интернет продавниците каде има квалитетни и уникатни парчиња.

Нешто што никогаш не би го носела?

Па можеби и не постои такво парче хаха, се шегувам секако, најважно е како ги комбинираш работите, никогаш не би облекла нешто во што се чувствувам неудобно пример се панталони со низок струк, никако не допринесуваат на женската фигура а од друга страна и како што и кажав се неудобни. Сакам да ги инспирирам девојките за малку експериментирање со стилот и оставање на свој печат, затоа и постои dgjurovska.wordpress.com

И за крај, која е твојата Absolute Me комбинација?

Ќе оствам фотографијата сама да одговори на ова прашање.

 Ова беше приказната на Дани, а која е твојата?

Ги повикуваме сите девојки да ја креираат својата „Absolute Me” приказна на нашата веб платформа. Се што треба да направите е да се регистрирате преку Facebook или преку вашиот e-mail, да ги пополните бараните информации, да изберете наслов и да започнете со креирање на вашата „Absolute Me“ приказна за која следуваат специјални подароци!

Главна награда – iPhone 7 32 GB Rose gold

Вашата приказна треба да содржи 5 фотографии или видеа кои ќе ги објавите во најмалку два различни дена кои не мора да бидат последователни, туку можете да ги објавите за целото време додека трае кампањата. По комплетирањето на вашата приказна (со објавување на фотографиите или видеата), можете да креирате и сопствено видео кое ќе содржи некои од вашите фотографии и истите ќе можете да ги споделите на социјалните мрежи. Фотографии и видеа ќе можете да прикачувате се до крајот на конкурсот. Секоја недела ќе се избира „Приказна на неделата” која ќе биде наградена (ќе бидат доделени 30 B.U. Absolute Me сетови со тоалетна вода 50 мл и дезодоранс 150 мл), а на крајот жирито ќе ги одбере добитниците на главните супер награди (iPhone 7 32 GB Rose gold и 2 карти за EXIT Festival).

{youtube}sNzySCe6MbQ{/youtube}

Кампањата започнува на 15.03.2017 година и ќе трае до 15.05.2017 година.

Па, кликни тука и започни ја твојата приказна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button